Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

ЕУ шамари во ракавици за договорот со Бехтел и Енка

29 април 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Прашана за став околу договорот за коридорите вреден 1,3 милијарди евра (плус проектирани 300 милиони за откуп на земјиште кои ќе станат многу повеќе), Канцеларијата на ЕУ во Скопје бара да се почитува Спогодбата за асоцијација и стабилизација меѓу Македонија и ЕУ.
  • А во неа се вметнати европските правила против ограничување и нарушување на конкуренцијата и обврската за транспарентноста и нефаворизирањето на одредени претпријатија.
  • Во член 68 и 69 од Спогодбата (објавена во Службен весник бр. 28 на 13 април 2001 година) Македонија презема обврска постапно да обезбеди компатибилност на своите закони со оние на ЕУ (тогаш Европската заедница). Се подвлекува значењето на конкуренцијата на внатрешниот пазар и Македонија презеде обврска за спречување, ограничување или нарушување на конкуренцијата.
  • Во случајот со „Бехтел и Енка“ се работи за директна спогодба без јавен повик.
  • „Ако договорот е историски како што вели, Владата немаше да го крие. Секоја Влада би сакала историски добрите договори да ги претстави во јавноста“, вели Милошоски.
извор

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
  • Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
  • Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
  • Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
извор

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
  • Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
  • Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
  • Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
  •  На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Зденка цела да е

Македонштина
2

Самоил и дупките

Балканштина
3

Туѓото лесно се подарува

Балканштина
4

Мирисот на Мосад

Разно
5

Фудбалски распад систем на Македонија

Фудбал
6

Никола Јокиќ, глич во НБА Матриксот

Видео
7

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
8

Поетски толкувања

Балканштина
1

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
2

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

3

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

4

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

5

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
6

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

7

АНБ со мирис на УДБА

8

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ѝ доаѓа ли крај на западната надменост кон Балканот?

Ќе нè нормализираат од Латас со... Народен глас?

Како напред? Назад!

Бронзен медал за стиропорна Македонија

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy