- Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД ќе ѝ испратат противвоздушни системи „патриот“ на Украина.
- „Неопходни им се за да ја одбранат земјата, бидејќи рускиот претседател Владимир Путин зборува убаво, а потоа навечер ги бомбардира сите“, изјави Трамп.
- Тој не кажа колку системи „патриот“ ќе ѝ испратат САД на Украина, но истакна дека ќе ги платат европските сојузници од НАТО. Тоа ќе биде главната тема на средбата со генералниот секретар на Алијансата Марк Руте денеска и утре во Вашингтон.
- Извори на порталот Аксиос најавуваат дека Трамп наскоро ќе објави и нов план за испраќање и офанзивно оружје на Украина, вклучувајќи проектили со долг дострел.
- Следејќи некои „дебати“ на социјалните медиуми неодамна, се’ повеќе сум уверен дека се враќаме наназад и стануваме поглупави и понефункционални како општество.
- Можеби повеќе не сме Homo sapiens – „мудриот човек“. Ниту пак сме Homo economicus, наводно рационалниот актер во класичната економија. Сè повеќе стануваме Homo idioticus – суштество дефинирано, не од мудрост или логика, туку од емоционални импулси, дезинформации и интелектуална инерција.
- Изгледа на социјалните медиуми им се потребни „идиоти“. Затоа станаа нивен расадник. Не гледам проблем во тоа да им дозволиме на „идиотите“ да кажуваат идиотски работи. Друго и не може да очекувате од „идиотот“. Проблемот е што платформите преживуваат со пронаоѓање на највирулентните идиотизми и нивно глобално ширење. Едноставно кажано, благодарение на социјалните медиуми, „идиотите“ сега имаат платформа да ја објават својата глупост пред целиот свет.
- СДСМ остро го осуди настапот на српскиот претседател Александар Вучиќ (види овде - н.з), оценувајќи дека неговите изјави претставуваат навредливо и недолично однесување кон заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска.
- Партијата вели дека Вучиќ е познат по тоа што ги навредува сите оние кои не ги делат неговите ставови или му пречат.
- Вучиќ малициозно нагласил дека ‘оваа жена и луѓето кои доведоа до сецесија’“, па СДМС оценува дека нагласувањето на нејзиниот пол во политички контекст е понижувачко и ирелевантно за аргументите што ги изнесува.
- Ваквиот речник не бил само личен напад, туку дел од поширок проблем на деградирање на жените во политиката.