- Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, рече дека блокот има намера да го намали финансирањето на Венециското биенале по одлуката на уметничката изложба повторно да ги прими руските уметници на неговото издание во 2026 година.
- „Враќањето на Русија на Венециското биенале е морално погрешно. Додека таа се обидува да ја избрише украинската култура, не треба да ѝ биде дозволено да ја изложува својата“, рече Калас по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.
- Во писмо до Урсула фон дер Лајен, Калас и 37 европратеници, ја повикаа ЕУ да го суспендира финансирањето - околу 2 милиони евра во текот на три години - и да разгледа рестриктивни мерки против лица поврзани со рускиот павилјон.
- Латвија најави дека доколку Русија дојде, ќе го бојкотира Биеналето кое се отвора на 9-ти мај.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.