- Фронтменот на Секс Пистол, Џон Лидон ака Џони Ротен, рече дека НИКОГАШ нема да се врати во својот бивш бенд кој после долго време се спрема за американска турнеја.
- „Нека се валкаат во воук очекувањата на Волт Дизни“, рече Лидон за поранешните другари од бендот, Стив Џонс, Пол Кук и Глен Матлок, кои како вокал за турнејата го имаат земено Френк Картер (порано го позајмуваа Били Ајдол).
- Вика дека уште во Пистолс тие го кочеле да експериментира со звукот и музиката. „Не се тие криви што не се талентирани па не можат да се мрднат од почетокот,“ вика Џони.
- И тој со групата Public Image LTD наскоро тргнува на турнеја.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.