Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Џон Болтон обвинет дека чувал доверливи документи

17 октомври 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Против Џон Болтон, поранешниот советник на Трамп за национална безбедност, е покренато федерално обвинение поради чување строго доверливи документи. „Овие документи содржеа разузнавачки информации за идни напади, странски противници и односи во надворешната политика“, се наведува во обвинението на 26 страници.
  • Болтон е обвинет по 8 точки за пренесување информации за националната одбрана и 10 точки за незаконско задржување на доверливи материјали. Се соочува со максимална вкупна казна од 20 години затвор.
  • Oбвиненијата се поврзани со дневниците што Болтон ги водел во својата 45-годишна кариера во јавната служба. Неговиот адвокат тврди дека Болтон ги споделил само со сопругата и ќерката.
  • Болтон ја отфрла вината и најави дека на суд ќе се брани од „политичката одмазда“ на Трамп. „Станав најновата цел на користењето на Министерството за правда како оружје против оние што Трамп ги смета за непријатели, со обвиненија што претходно биле отфрлени или ги искривуваат фактите“, рече Болтон.
  • Тој беше отпуштен од првата администрација на Трамп во 2019 година. Во мемоарите „Собата каде што се случи“, напиша дека Трамп бил лошо информиран за геополитиката. Суд ја одби тужбата од Белата куќа, која настојуваше да го спречи објавувањето на книгата, тврдејќи дека содржи класифицирани информации.
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
3

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
4

АНБ со мирис на УДБА

5

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

6

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
7

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Почина Биљана Плавшиќ

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

8

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Уште пред 130 години на некои им беше јасно

Каде се, што прават, ликовите од антологиската „Одење по ризичниот пат“ на Лу Рид?

Беше мајсторот?

Баба Зора замина во

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy