- За здравствените проблеми на актерот зборува холивудскиот новинар А.Ј. Бенза пренесувајќи извори блиски до Фокс според кои проблемите почнале откако тој примил вакцина против ковид-19.
- Фокс наводно немал намера да се вакцинира но бил притиснат од продукцијата на филмот на кој работел - „Back in action“.
- На 11 април беше објавено дека Фокс е итно хоспитализиран по „медицински компликации“ без објавување на дополнителни детали.
- За сега нема независна потврда за тврдењата на Бенза.
- Жителите на Харгиеса, главниот град на Сомалиленд, масовно излегоа на улиците, вееја американски знамиња и извикуваа „Да живее Америка!“, прославувајќи ја изјавата на Доналд Трамп дека нивната самопрогласена држава е „сосема различна земја од Сомалија“. Изјавата, сепак, не значи дека САД го признаваат регионот за независна држава.
- „Изјавата на Доналд Трамп го означува почетокот на американското признавање на Сомалиленд“, изјави Али Хаши од Харгиеса.
- Отцепениот регион, кој е на стратешка геополитичка локација во Аденскиот Залив, досега е признаен само од Израел. Поседува сопствена валута, пасоши и војска и важи за постабилен и подемократски од Сомалија.
- Сомалиленд стекна независност од Британија во 1960 година, само пет дена пред Сомалија да се ослободи од италијанските колонизатори. Двата региона се споија во Република Сомалија, но во 1980-тите почнаа граѓанска војна. Сомалиленд повторно прогласи независност во 1991 година.
- Патем, Трамп забележа дека не му се допаѓа името Сомалиленд. Му било позгодно да биде „Сомалија Ленд“.