Драма во Лондон: Хитроу без струја поради пожар
21 март 2025
- Лондонскиот аеродром Хитроу, еден од најфреквентните во светот, ќе биде затворен цел ден поради пожар во потстаница што го снабдува со струја.
- Откажани се сите 1.351 лет закажани за денеска. Се очекуваат и нарушувања во сообраќајот и во идните денови.
- Не е позната причината за пожарот во електричната потстаница во Хејс.
- Нема информации за повредени лица, но 150 жители од околината се повикани да се евакуираат.