- Маж вооружен со пушка убил тројца цивили и полицаец во кула со деловни простории на големи финансиски фирми во Менхетн, а потоа се застрелал. Во критична состојба е уште еден маж.
- Напаѓачот е идентификуван како Шејн Тамура, 27-годишен жител на Лас Вегас со историја на ментални болести.
- Вработените во зградата биле предупредени за опасност уште кога камерите го „уловиле“ вооружениот маж како се приближува. Некои се забарикадирале во своите канцеларии.
- Полицијата не ги открила мотивите зошто Тамура патувал од Невада до Њујорк за да го изврши злосторството. Се смета дека дејствувал сам. Немал криминално досие. и оружјето го поседувал легално.
- Њујорк поминува низ година со најмалку убиства и ранети лица од огнено оружје со овој век.
- Следејќи некои „дебати“ на социјалните медиуми неодамна, се’ повеќе сум уверен дека се враќаме наназад и стануваме поглупави и понефункционални како општество.
- Можеби повеќе не сме Homo sapiens – „мудриот човек“. Ниту пак сме Homo economicus, наводно рационалниот актер во класичната економија. Сè повеќе стануваме Homo idioticus – суштество дефинирано, не од мудрост или логика, туку од емоционални импулси, дезинформации и интелектуална инерција.
- Изгледа на социјалните медиуми им се потребни „идиоти“. Затоа станаа нивен расадник. Не гледам проблем во тоа да им дозволиме на „идиотите“ да кажуваат идиотски работи. Друго и не може да очекувате од „идиотот“. Проблемот е што платформите преживуваат со пронаоѓање на највирулентните идиотизми и нивно глобално ширење. Едноставно кажано, благодарение на социјалните медиуми, „идиотите“ сега имаат платформа да ја објават својата глупост пред целиот свет.
- СДСМ остро го осуди настапот на српскиот претседател Александар Вучиќ (види овде - н.з), оценувајќи дека неговите изјави претставуваат навредливо и недолично однесување кон заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска.
- Партијата вели дека Вучиќ е познат по тоа што ги навредува сите оние кои не ги делат неговите ставови или му пречат.
- Вучиќ малициозно нагласил дека ‘оваа жена и луѓето кои доведоа до сецесија’“, па СДМС оценува дека нагласувањето на нејзиниот пол во политички контекст е понижувачко и ирелевантно за аргументите што ги изнесува.
- Ваквиот речник не бил само личен напад, туку дел од поширок проблем на деградирање на жените во политиката.