Додека Трамп ја „чисти Газа“, Палестинците малку да се тргнат
26 јануари 2025
- Американскиот претседател сака Јордан и Египет да ги земат на своја територија Палестинците од Газа додека се расчистува „сиот тој неред“во појасот.
- Тоа би било „привремено или долгорочно“.
- Од почетокот на војната таму, овие две земји го предводеа арапскиот отпор кон идејата за какво било присилно пренесување на Палестинците од Газа.
- Трамп телефонски се слушнал со јорданскиот крал Абдула во чија земја веќе има околу 3 милиони Палестинци. „Му реков, би сакал да земеш повеќе, бидејќи го гледам целиот појас Газа и тоа е вистински хаос“.
- Трамп кој своето богатство го направи градејќи хотели, неодамна залупа дека Газа има голем потенцијал и е убаво место бидејќи е на море.