Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Директорката на РТС поднесе оставка

29 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Директорката на српската државна радио-телевизија, Мања Грчиќ, поднесе оставка на функцијата по победата на Студентската листа на парламентарните избори.
  • На средба со претставници на синдикатот изјавила дека е свесна дека кај дел од јавноста, нејзиното останување на функцијата се смета за „пречка за промени“. Пред да замине од РТС, ја смени главната уредничка на Информативната програма, Бојана Младеновиќ.
  • Претходно претставникот на Студентската листа, Немања Каровиќ, гостувајќи на РТС го обвини раководството на државниот радио-дифузен сервис за долгогодишно пристрасно известување, отворено фаворизирање на владата на Александар Вучиќ и за „сервилен став кон режимот“.
  • Радио-телевизија Војводина, пак, ја почна својата централна информативна емисија со извинување до гледачите поради „долгогодишните пропусти во известувањето“.
  • „Јавниот сервис со години не ја исполнуваше својата функција. Се премолчуваше, се затвораа очите пред одредени појави, се известуваше еднострано и некритички, а вистинските прашања не се поставуваа или воопшто ги немаше. Поради тоа, им должиме извинување на гледачите“, прочита водителот.
извор

Ерменија брза кон ЕУ

4 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Ерменија би можела веќе во 2027 или во 2028 година да поднесе официјално барање за членство во Европската Унија, изјави премиерот Никол Пашинјан.
  • Премиерот ја опиша временската рамка на процесот: поднесување апликација, одговор од ЕУ, изготвување патоказ и на крајот референдум.
  • Ереван сега е фокусиран на дијалогот со Брисел за визна либерализација. Целта е овој процес да заврши до 2029 година.
  • Русија објаснува дека Ерменија, како членка на Евроазиската економска унија, не може во исто време да биде кандидат за членство и во Европската Унија. Лидерите на другите членки на ЕАЕУ побараа од Ереван да организира референдум на кој граѓаните би гласале во кој блок треба да учествува нивната земја.
  • Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев отворено го предупреди Ереван: „Најлошото нешто што може да ѝ се случи на Ерменија е таа да се претвори во нова Украина“
извор

Републиканците го изгубија и Претставничкиот дом

4 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Демократите го презедоа мнозинството и во Претставничкиот дом, што им дава силно политичко оружје да блокираат одлуки на претседателот Трамп.
  • До потребното мнозинство од 218 конгресмени стигнаа уште пред да бидат познати резултатите од 90 преостанати изборни трки.
  • Претходно републиканците останаа без мнозинство и во Сенатот, откако изгубија најмалку седум места. 
  • На изборите во сојузните држави презедоа 4 гувернерски позиции од демократите.
  • Претседателот Трамп најави дека ќе соработува со демократското мнозинство во двата дома на Конгресот, но одби да ги прифати катастрофалните резултати како пораз на неговата политика. Забележа дека републиканците „убедливо ќе победеле ако неговото име било на гласачките ливчиња“.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Како се однесува Богојески кога не е под надзор

Македонски рулет
2

Од 4-1 до 4-5 за 20-ина минути

Фудбал
3

Македонски колбас со ајвар

Разно
4

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Канта
5

Сигурно го нема запознато во школо

Видео
6

Почина шпански фудбалер по страшен голмански лудачки фаул

Фудбал
7

Јаки духови, јаки расположенија

Разно
8

Биди Кина

Мешано
1

CO2 од фосилните горива нема влијание врз затоплувањето

Наука
2

Украина испраќала очила-бомби до руски оператори на дронови

Свет
3

Нетфликс: Претплатници има, ама, малку гледаат

Телевизија
4

Боки 13 ослободен за предметот „Меѓународен сојуз“

5

Трамп и Епстин се карале за 13-годишно девојче

Свет
6

Умирањето стана профитабилен бизнис во САД

Разно
7

Европски трупи вежбаат како да ја бранат Украина од Русија

8

Калифорнија може да оди во минус од данокот за милијардерите

Бизнис
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Се очекува стампедо

Разно

Јаки духови, јаки расположенија

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Најголемиот пораз на Македонија

Рецепт за идеално лоша држава

Разоткривачки писма на читатели

Суеверна Македонија

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy