Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Десет пациенти од Кочани денеска ќе бидат пуштени од болница

21 март 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Десет пациенти што беа хоспитализирани во земјава денеска ќе бидат испишани од болница - еден пациент од Штип, еден од Детска хирургија, тројца од ЈЗУ Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија Скопје и пет од приватните болници „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари.
  • Од вкупно 162 лица што сè уште се лекуваат од последиците на пожарот, 47 се во домашните болници: 25 пациенти во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, 12 во ГОБ „8 Септември“, 11 во Градската општа болница и 1 пациент во Штип.
  • Во странство се лекуваат 115 пациенти. Во Србија има 30 пациенти, од кои двајца се екстубирани. Во Бугарија има 15 пациенти, од кои тројца се екстубирани и сите се во стабилна состојба. Во Грција има 12 пациенти, од кои двајца се во критична состојба. Во Турција има вкупно се 12 пациенти – по шест во Анкара и во Истанбул. Министерот истакна дека еден пациент во Турција е во многу сериозна состојба, а другите се во сериозна состојба, но стабилни. Во Шпанија се 7 пациенти, во Австрија 5, во Унгарија има 6 пациенти, во Хрватска има 5. Од четворица пациенти во Словенија тројца се во посериозна состојба. Во Литванија има четворица, од кои еден е екстубиран, а во Белгија има четворица стабилни пациенти. Четворицата во Италија се во многу добра состојба, а во Шведска има 4 пациенти, од кои двајца се сосема стабилни. Во Полска има двајца пациенти, еден од нив е интубиран, посочи Таравари.
  • Министерот потенцираше дека повеќе не се праќаат пациенти надвор од земјата бидејќи сите што останаа тука се стабилни.
  • Во однос на трошоците за лекувањето во странство, Таравари јасно рече дека лекувањето е бесплатно.

извор

Питер Тил се мисли поголем милијардер од Папата

5 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Милијардерот и технолошки магнат Питер Тил го обвини папата Лав XIV дека делува како „кинески комунистички агент“ застапувајќи се за регулирање на вештачката интелигенција во неговата серија предупредувања и предвидувања за иднината на вештачката интелигенција и западната цивилизација.
  • Ко-основачот на Пејпал и Палантир предупреди и на опасност од „социјалистички преврат“ во Демократската партија на САД.
  • Питер Тил беше еден од првите кои го поддржуваа Доналд Трамп а беше и ментор на кариерата на ЏејДи Венс.
  • Смета дека со тоа што бара меѓународна регулација на вештачката интелигенција, Папата се става во служба на кинеските интереси. 
  • Во есеј од 2009 година, Тил напиша дека слободата и демократијата не се компатибилни а дека женското право на глас ја направило „капиталистичката демократија“ оксиморон. Ја финансираше кампањата на Халк Хоган против Гавкер (по која медиумот банкротираше) зашто го пишуваа дека е геј.  

извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Музеј на современи вазали

Македонштина
2

Египетскиот гигант висок 2,35

Кошарка
3

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина
4

Одбери ја својата криза на средни години

Мешано
5

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
6

Вимблдонска утопија

Мешано
7

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
8

Како рокенролот остана инфантилен

Разно
1

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
2

Горди се што се Американци, ама не се баш сигурни зошто

Разно
3

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

4

Иран и Оман доставиле план за наплата на патарини

Свет
5

Донаторите за салата на Трамп од 400 милиони долари, добиле бизниси од 50 милијарди

Разно
6

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
7

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

8

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Дискутабилни совети за бавча

Македонштина

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Митот за генезата на Европската Унија

Азра: мала школа на политичко мислење

Бојлерчино

Канцелариска марфологија

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy