- Претседателот Доналд Трамп повторно објави дека ги смета за неважечки сите помилувања и други документи што неговиот претходник Џо Бајден не ги потпишал лично, туку со автоматско пенкало.
- „Секој документ, проглас, извршна наредба, меморандум или договор потпишан неовластено со автопенкало во администрацијата на Џо Бајден се ништовни, неважечки и немаат понатамошна сила или ефект. Секој што добил помилувања, ублажување на казна или каков било друг правен документ потпишан на овој начин, имајте предвид дека документот е целосно раскинат и нема никаква правна сила“, порача Трамп.
- Тој и пред една недела потсети дека не е дозволено да се користи автоматското пенкалото без специфично одобрение од претседателот и тврди дека помошници на Бајден ја користеле машината без негово знаење.
- Не може да биде поништено помилувањето за „сторени или можно сторени дела“ на Хантер Бајден, синот на поранешниот претседател, затоа што тој документ е потпишан своерачно. Но, оспорени се помилувањата на Џејмс Бајден, братот на претседателот, и на докторот Ентони Фаучи.
- Администрацијата на Доналд Трамп ги замрзна апликациите за имиграција во САД за државјани од 19 земји, за кои оцени дека се со висок ризик.
- Уште од јуни целосно беше запрено издавањето визи за државјани на 12 земји - Авганистан, Бурма, Чад, Република Конго, Екваторијална Гвинеја, Еритреја, Хаити, Иран, Либија, Сомалија, Судан и Јемен. На списокот се додадени Бурунди, Куба, Лаос, Сиера Леоне, Того, Туркменистан и Венецуела.
- Директорот на Службата за имиграција, Џозеф Едлоу, нареди да бидат проверени сите дозволи за престој во САД издадени за имигранти од овие 19 земји.
- Како причина за забраната е наведен нападот од заседа што го изврши Авганистанец врз двајца припадници на Националната гарда во Вашингтон пред една недела. Гардистката беше убиена, а нејзиниот колега е во критична состојба.