Вести › Набрзинка
Сите што досега биле на власт се одговорни за убиството на нашите деца
-
„Ни убивте сѐ“, „Селективна одговорност е неодговорност“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме нашите другари“, беа дел од паролите на родителите, роднините и другарите на загинатите деца во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март, на денешниот протест пред зградата на Обвинителството во Скопје.
-
Родителите рекоа дека сите кои досега биле на власт се одговорни за убиството на нивните деца. Ги наброија сите досегашни премиери, градоначалници, директори и обвинители.
-
„Да се постапеше по една пријава по допрен глас ова немаше да случи, нашите деца ќе беа живи. Јавното обвинителство дали еднаш постапило по допрен глас. Не се само овие 62 загинати деца, 170 деца се повредени и доживотно ќе останат со инвалидитет. Дали овој тука таканаречен јавен обвинител тука ќе постапува само по партиски потреби?”, рече родител на протестот пред Обвинителство.
Амазон почна да ја гради својата мрежа од сателити
- Амазон лансираше ракета со првиот пакет свои сателити за интернет комуникација, кои ќе ѝ конкурираат на мрежата „Старлник“ на Спејс Икс.
- Ракетата Атлас В однесе 27 сателити од проектот „Кујпер“ во орбита од 630 километри над Земјата.
- За да не им пречат на астрономите, сателитите се обложени со тенок филм што ги рефлектира сончевите зраци.
- Целта е да биде поставена мрежа од вкупно 3.200 сателити што ќе даваат брз и финансиски прифатлив широкопојасен пристап до интернет насекаде на планетата.
- „Старлинк“ веќе има лансирано 8.000 сателити во изминатите шест години. Повеќе од 7.000 се поставени во орбита.