Вести › Набрзинка
Со 88 гласа реорганизирани министерствата - наместо 16, ќе има 20
- Со 88 гласа „за“ и 22 „против“ беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа, што беше едно од изборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ.
- Поддршка за измените на законот дадоа и пратеници од ДУИ.
-
Апасиев: Отидоа на баци рака кај Ахмети, кој им даде десетина гласа за да му простат некој криминал!
-
Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата.
Пред заминување, владата се задолжи со уште 25,8 милиони евра
-
Влада можеби уште не е формирана, ама државата мора да функционира, а мора да се враќаат и стари долгови, односно рати на претходно земени заеми, чии ануитети достасуваат за наплата.
-
Затоа мора да се земаат и нови заеми, односно државата мора да се задолжува каде што има достапни извори на финансирање. А, најлесно е во секое време да се земат нови заеми на домашниот пазар, односно преку издавање на државни обврзници, и каде како кредитори се јавуваат домашни банки и фондови, кои за прилично „мрсни“ камати ја кредитираат државата.
-
Државата вчера издала две државни обврзници од близу 26 милиони евра, кои ќе треба да ги платиме за 5 односно 15 години.