- Престижниот американски Универзитет Џонс Хопкинс е принуден да отпушти повеќе од 2.200 вработени откако владата го укина финансирањето од 800 милиони долари преку агенцијата УСАИД.
- Ќе бидат отпуштени 247 вработени во САД и уште 1.975 луѓе ангажирани на разни проекти во 44 земји низ светот.
- Кратењето на финансиите од УСАИД ќе ги погоди факултетите за медицина и јавно здравје, но најмногу ќе се одрази на глобалниот здравствен проект Jhpiego.
- Универзитетот од Балтимор добива околу 1 милијарда долари годишно од Националните институти за здравје и спроведува 600 клинички тестирања.
- Администрацијата на Доналд Трамп неодамна укина грантови од 400 милиони долари за Универзитетот Колумбија поради пропалестинските протести, кои се оценети како антисемитски.
- Додека земјата се справува со длабока економска промена, Русите треба да размислат да работат по 12 часа дневно, шест дена во неделата, предлага рускиот милијардер Олег Дерипаска.
- Рускиот крал на алуминиумот смета дека рускиот народ треба да се потпре на својот главен национален ресурс - во тешки моменти да се здружи и да запне.
- „Колку побрзо се префрлиме на ова ново работно време - од 8 часот наутро до 20 часот навечер, вклучувајќи ги и саботите - толку побрзо ќе ја завршиме неопходната трансформација“, напиша индустрискиот магнат.
- Олег Дерипаска има 58 години, сопственик е на алуминиумскиот гигант “Русал” и неговото богатство пред инвазијата се проценуваше на 3,8 милијарди, подоцна падна на 1,7 милијарди милијарди долари. Кога беше најјак, имаше 28 милијарди.
- Честите заминувања на Доналд Трамп по голф терени, во првите 14 месеци од вториот мандат ги чинат американските даночни обврзници 101,2 милиони долари, трошоци за патување и обезбедување.
- Тоа се веќе околу две третини од целата негова голф сметка во првиот мандат, што не беше мала.
- Со ова темпо, вкупната сума би можела да се искачи до 300 милиони долари до крајот на неговиот втор мандат.
- Последен пат на голф беше во Вест Палм Бич. 56 пати бил таму од инаугурацијата во 2025 година.
- Од 435 дена на функција, 110 дена играл голф.
- А вие го мислите дали е арен.