- Владата, со потпис на Фатмир Битиќи, без надомест додели простор на непозната невладина организација, меѓу чии основачи е впишан и поранешен бизнис-партнер на самиот Битиќи.
- Се работи за 650 квадрати во склоп на Драмски театар (лепенката до Драмски на два спрата), дадени без надомест, на трајно користење.
- Просторот кој се наоѓа на драгоцена локација му е даден на непознатото здружение „Неимар 13.“ Еден од основачите е Глигор Михаиловски кој во времето на основањето е директор во фирмата чиј сопственик во тој момент е Фатмир Битиќи.
- Откако случајот го обелодени Призма, Владата брзо-брзо ја поништила својата одлука. Според фотографиите од владините седници, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска била присутна и на двете седници, и кога се давал дел од Драмски на здружението, и кога по нејзино барање се пишманиле за оваа одлука.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.