- Во просек сме, за стандардите на новите генерации – технолошки полуписмени: знаеме да пишуваме компјутерски текст, да отвориме мејл, да користиме Вибер или Вотсап, а некои од нас си имаат и фејсбук-профил, „најнапредните“ се дури и на Инстаграм. И тоа е тоа.
- На младите им изгледаме како музејски примероци на диносауруси, кои немале доволно издолжени прсти со кои би „типкале“ по „скриновите“ на електронските уреди и „паметните“ телефони. И затоа што не се приспособиле, не ни опстанале, како и диносаурусите.
- Моите синови, Видан (9) и Григор (7), на мене гледаат како на тираносаурус кој не се приспособил кон новиот, нивен свет. Тие сакаат по професија да бидат инфлуенсери, гејмери, јутјубери (добро, и годините им се тие, но и идолите им се тие), и тоа сигурно ќе се менува низ нивните животи. Но, ним им е НЕРАЗБИРЛИВ СВЕТОТ во кој јас СУМ БИЛ професор, колумнист и писател.
- Во периоди на екстремно губење компас („Забеганиот свет“ на Ентони Гиденс), можеби токму конзервативноста може да биде авангардна.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.