„Орце Николов“, една од најреномираните гимназии не само во Скопје туку и во Македонија. Час по филозофија, кај ненадминливата Олга Пешевска. Ни вели: „Деца, кој не сака филозофија, тој не сака НИ ДА ЗНАЕ како се сака. ’Филос’ ви е љубител, а ’софија’ ви е – мудрост. Оној што не ја сака мудроста, ќе ја засака глупоста!“
Со години „се шушка“ дека и филозофијата и логиката ќе се учеле изборно, факултативно. Тоа воопшто не ме чуди: на денешниов свет не му треба критичко мислење, кога е сиот во знакот на филозофијата на профитот.
Кој ќе им каже на денешниве деца во каков деградиран свет живеат – ако не филозофијата? Кој ќе им каже дека тоа што го живеат (консумеризам), а личи на богатство и мир, е само осакатена верзија на хуманизмот – духовна сиромаштија и материјална острастеност? Кој ќе им каже дека ја живеат филозофијата на апсурдот и дигиталната отуѓеност (тоа е чист нихилизам, а не Ниче), додека веруваат дека ја живеат филозофијата на „земниот рај“ и космополитизмот?
Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.