- Синиша Каран победи на вонредните претседателски избори во Република Српска. Кандидатот поддржан од досегашниот претседател Милорад Додик освоил близу 51% од гласовите, околи 12.000 гласа повеќе од противкандидатот Бранко Блануша од опозициската СДС.
- Опозицијата не го призна поразот и побара повторување на гласањето во Зворник, Добој и Лакташи поради неправилности во гласањето.
- Каран важи за близок сојузник на Додик, кој беше разрешен со судска пресуда поради сепаратистички активности. Му беше забрането повторно да се кандидира.
- Новиот претседател на РС ќе има мандат од само една година. Редовните претседателски избори ќе се одржат при крајот на 2026 година, заедно со парламентарните.
- Со 53% наспроти 46% од гласовите Словенците на референдум вчера го отфрлија законот за „потпомогнато самоубиство“, кој им овозможуваше на свесни пациенти што тешко страдаат од неизлечиви болести да побараат асистенција да си го завршат животот.
- Сочувството победи. Словенците ја отфрлија владината реформа за здравство, пензии и социјални работи базирана врз смрт со труење, изјави конзервативниот активист Алеш Примц, кој ја водеше кампањата за отфрлање на законот.
- Законот, усвоен во Парламентот во јули, не се однесуваше на пациенти од ментални болести и налагаше претходно да бидат исцрпени сите опции за медицинско лечење.
- Откако законот беше отфрлен на референдумот, владата нема право една година да предлага мерки за ова прашање. „Порано или подоцна ќе имаме таков закон. Следниот пат ќе го направиме подобар“, изјави Андреј Плетерски, еден од авторите на законот.