- Претставничкиот дом на САД усвои закон за трајно воведување на летното сметање на времето низ целата земја.
- „Промената на стрелките на часовникот двапати годишно е реликт од минатото кој повеќе не го одразува начинот на кој Американците живеат, работат и водат бизнис во 21 век“, објасни републиканскиот конгресмен Гас Билиракис, ко-спонзор на Законот за заштита на сончева светлина.
- Демократските конгресмени овојпат ја поддржаа мерката, за разлика од 2022 година, кога го отфрлија со аргумент дека таа влијае врз Американците што одат на работа рано во текот на зимските месеци.
- Експертите за спиење се залагаа за трајно воведување на стандардното време, а не на летното, бидејќи според нив „тоа најдобро би се усогласило со циркадијалните ритми на луѓето и би го подобрило нивното здравје“.
- Белата куќа отворено го поддржа законот, опишувајќи го како „мерка заснована на здрав разум“.
- Основниот Кривичен суд Скопје го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Талир 2“, за пречекорување на службени овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.
- Судијката Даниела Алексовска објасни дека ослободителната пресуда е директна последица на законските измени од 2023 година, а не на различна оценка на доказите.
- Според Судот, иако претходно истите докази биле доволни за да се утврди злоупотреба на службената положба, по законските измени тие не биле доволни за да се докаже кривичното дело пречекорување на службените овластувања.
- Трошоците за судската постапка паѓаат на Буџетот на државата. Судот го одби и предлогот на Обвинителството за конфискација на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
- Предметот „Талир 2“ повторно беше отворен по одлуката на Апелацискиот суд од јануари 2024 година, кога првостепената пресуда беше укината поради измените на Кривичниот законик. Во првото судење во 2022 година Груевски беше неправосилно осуден на 6 години затвор, но постапката беше вратена на повторно судење.