Акција на Бугарот кој е чест гостин на македонски телевизии
17 мај 2022
-
Македонскиот Бугарин Виктор Канзуров и Станислава Канзурова ги фрлиле во канта венците поставени од ОМО Илинден Пирин на споменикот на Јане Сандански.
-
Тие преку Фејсбук објава со неколку фотографии се пофалија дека ги отстраниле и фрлиле во канта за отпадоци венците поставени од ОМО Илинден.
-
„Венците на ОМО Илинден отидоа во ѓубре!“, стои во Фејсбук објавата.
-
„ВИКТОР КАНЗУРОВ НА ТВ ДЕБАТА, ЗЕМАЈТЕ ПУКАНКИ, ОВА ЌЕ БИДЕ ЈАКО!!“ најави еднаш Паралитико кој за него кажа дека и покрај контроверзните ставови е „прекрасен за гледање.“