Аја Софија 2: Враќањето на оџата
24 јули 2020
Возел, ете, некој комбе по некаков локален пат. Пешаци се движеле крај банкините на патот, бидејќи, нели, кај нас е сосема нормално на таквите патишта да нема тротоари. Од невнимание или небрежност, човекот закачил извесна госпоѓа со ретровизорот од комбето. Жената незгодно паднала, ѝ се распукала лобницата, се скинале вратните пршлени и жената починала на самото место.
Ќе кажете трагично, ама ништо невообичаено, секој ден секаде се случуваат такви несреќи. Ама не се случува ова: човекот има лекарска „тапија“ дека е 99 проценти слеп!