- До крајот на неделава, сто возачи на ЈСП ќе заминат за Германија каде што им се ветени многу подобри услови за работа, како и плата петпати поголема од таа што ја земале во јавното претпријатие.
- „Најверојатно петок или сабота тргнуваме со колегите за Мајнц. Според договорот, ќе добиваме месечна плата од 2.600 евра и плус дополнително ќе ни се плаќаат екстра саатите кои ќе ги работиме. Компанијата ни вети дека првите два месеца ќе добиеме бесплатно сместување, а потоа најверојатно ќе треба да плаќаме одредена сума околу 200-300 евра“, вели извор на Плус инфо.
- Имаат и ветување дека ако работат во истата компанија 4 години, потоа ќе им биде дозволено да ги повлечат и нивните семејства.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.