Необична комбинација

Компири со корнфлекс

Расположени за да пробате нешто ново?

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
60 мин.

Вкупно време:
1 ч 20 мин.

Порции

8 лица

Состојки

  • 8 компири
  • 110 гр. мајонез
  • 1/2 л. пилешка супа од коцка
  • 1 помал кромид, изрендан
  • 330 гр. рендан кашкавал
  • 500 гр. павлака
  • сол и бибер
  • 2 лажици путер
  • 150 гр. корнфлекс

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени.
Сварете ги компирите цели со лушпа во тенџере со вода. Откако водата ќе зоврие, варете ги 8-10 минути. Потоа извадете ги од водата, оставете ги малку да се изладат и излупете ги. Изрендајте ги компирите во еден сад и измешајте ги со мајонез, кромид, кашкавал, павлака и пилешка супа. Зачинете со сол и бибер по желба.
Префрлете ја смесата во еден подлабок огноотпорен сад.
Растопете го путерот во мало тенџере на рингла на среден оган. Искршете го корнфлексот на помали парчиња и измешајте го со растопениот путер. Потоа додадете го во садот врз компирите.
Печете ги компирите во загреана рерна 45 минути, покриени со капак. Потоа одстранете го капакот и печете ги уште 15 минути додека да добијат златно жолта боја.
На здравје!

20 септември 2012 - 08:10