Пилешка салата

Валдорф салата

Крем салата со пилешко и ореви.

Време на подготовка:
5 мин.

Време на готвење:
40 мин.

Вкупно време:
45 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 2 парчиња пилешки гради
  • 1 лажица маслиново масло
  • сол и бирер
  • 2 парчиња целер
  • 2 главици кромид, помали
  • 1 јаболко, излупено и исецкано на ситни коцки
  • 6 лажици сецкани ореви
  • 100 гр. мајонез
  • 50 гр. кисела павлака
  • 2 лажици лимонов сок
  • 2 лажици магдонос

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во тавче обложено со хартија за печење поставете ги пилешките гради намачкани со малку маслиново масло и посолени по вкус. Печете ги 40 минути. Кога ќе се изладат исецкајте го месото на коцки.

Во длабок сад измешајте го пилешкото со сецкан целер, кромид, јаболко, ореви, мајонез и павлака. Зачинете со магдонос, лимонов сок, сол и бибер по вкус. 

Послужете ја салатата со препечен тост и лист од марула. На здравје!

 

25 октомври 2012 - 07:00