Полнето пилешко

Пилешко со пармезан

Полнети панирани пилешки стекови.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
50 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 2 лажички мајчина душица
  • 2 чешниња лук, ситно сецкан
  • 100гр. рендан кашкавал
  • 2 лажици сецкан магдонос
  • 4 парчиња пилешки гради
  • 50гр. лебни трошки
  • 20гр. рендан пармезан
  • 1 јајце, лесно матено
  • 30гр. путер, растопен
  • 80мл. маслиново масло
  • 250гр. чери домати

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Измешајте во еден сад мајчина душица, рендан кашкавал и 1 лажица магдонос. Зачинете ги со сол и бибер. Засечете џебови во пилепките стекови и наполнете ги со смесата со кашкавал. Потоа затворете ги со чепкалки.
Во сад измешајте ги лебните трошки со пармезан и остатокот од магдонос. Во чинија изматете го јајцето. Панирајте ги стековите во јајце, па во лебни трошки. Поставете ги во плех премачкан со малку масло.
Измешајте ги путерот и маслото и прелијте ги врз пилешкото. Печете ги стековите 25 минути. Потоа во плехот додадете ги чери доматите и печете ги уште 5 минути.
Извадете ги чепкалките и послужете го пилешкото веднаш.
На здравје!

15 ноември 2013 - 16:56