Пилешко

Пилешко со лимон

Печени пилешки гради во кисел сос.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
25 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 6 парчиња пилешки гради
  • 1 лажица сецкан рузмарин
  • 2 чешниња лук сецкани
  • 1 главица кромид, сецкан
  • сок и рендана кора од еден лимон
  • 100мл. маслиново масло

Подготовка

Ставете го пилешкото во еден сад. Во посебен сад измеѓајте рузмарин, лук, кромид, сок и кора од лимон.
Додадете го маслиновото масло и добро промешајте. Прелијте го овој сос врз пилешкото, покријте го и оставете го да одстои преку ноќ.
Загрејте ја рерната на 180 степени. Поставете ги маринираните пилешки гради на плех намачкан со малку масло и печете ги 25 минути.
Сосот од маринадата ставете го во мало тенџере и загрејте го на слаб оган. Мешајте додека малку да се згусне.
Посклужете го пилешкото прелиено со сосот и салата по желба.

14 мај 2013 - 07:24