Пилешко

Пилешки специјалитет

Пилешко во тава со печурки.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
45 мин.

Вкупно време:
60 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 4 компири, излупени и крупно исецкани
  • 20гр. путер
  • 250мл. хопла
  • 1 лажица маслиново масло
  • 800гр. пилешко, без коски крупно исецкано
  • 200гр. печурки, тенко исецкани
  • 1 главица праз, ситно сецкан
  • 1 чешне лук, сецкан
  • 1 лажица брашно
  • 125мл. пилешка супа од коцка
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица сок од лимон
  • 2 лажици сецкан магдонос
  • 20гр, путер растопен
  • зеленчук зготвен на пареа како прилог

Подготовка

Ставете ги компирите во тенџере со ладна вода. Зовријте ги на силен оган. ВАрете ги 20 минути додека да омекнат. Потоа добро процедете ги. Вратете ги во тенџерето, додадете путер и половина од хоплата. Испасирајте ги во пире. Зачинете со сол и бибер.
Загрејте масло во поголема длабока тава на силен оган. Додадете 1/4 од пилешкото и пржете го околу 5 минути додека да добие кафеава боја. Префрлете го во чинија. Повторете ја постапката со остатокот.
Додадете ги печурките во тава и пржете ги 5 минути. Префрлете ги во чинијата со пилешкото. Во тавата додадете лук и праз и гответе ги со мешање 2-3 минути. Додадете брашно и гответе го 1 минута со постојано мешање.
Вратете ги пилешкото и печурките во тавата. Додадете пилешка супа, сенф, сок од лимон, магдонос и остатокот од хоплата. Добро измешајте и оставете да зоврие. Гответе 10 минути додека да се свари пилешкото. Зачинете со сол и бибер по вкус.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Префрлете ја смесата со пилешкото во огноотпорен сад. Може да ја поделите смесата и во 4 помали садови. Со лажица врз пилешкото додадете го пирето од компири. Премачкајте го пирето со растопен путер. Печете го овој специјалитет 5 минути во загреана рерна додека да добие пирето светло кафеава боја. Послужете го веднаш со зеленчук по избор зготвен на пареа.

26 јули 2013 - 11:37