Паста

Крем пилешко со печурки

Вкусни тестенини со крем сос од пилешко

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
40 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 450гр. фетучини
  • 1 лажица маслиново масло
  • 650гр. пилешки гради
  • 125гр. сланина, ситно сецкана
  • 1 главица кромид, ситно сецкан
  • 300гр. шампињони, измиени и сецкани
  • 420гр. пилешка супа од коцка
  • 100гр. павлака
  • 1 лажица Ворчестер сос
  • 4 лажици сецкан магдонос

Подготовка

Сварете ги тестенините во тенџере зовриена вода со малку сол, според упатството на ќесата. Потоа процедете ги.
Згрејте 1/2 лажица маслиново масло во поголема тава на средно силен оган. Додадете го половина од пилешкото. Пржете го по 4 минути од секоја страна додека да добие златно жолта боја. Потоа извадете го во чинија и повторете ја постапката со остатокот од пилешкото.
Потоа исецкајте го на парчиња и посолете по желба.
Додадете ја сланината во тавата и пржете ја 2 минути. Додадете ги печурките и кромидот. Гответе ги заедно со повремено мешање околу 10 минути. Додадете ја пилешката супа, павлаката, магдоносот и Ворчестер сос и добро измешајте за да се соединат состојките.
Во длабок сад префрлете ги тестенините. Додадете го пилешкото и приготвениот сос од печурки и послужете го веднаш зачинето со црн бибер по вкус.

24 мај 2013 - 07:00