Со мелено месо

Полнети модри патлиџани

Вкуесн рецепт за полнети модри патлиџани со болоњезе сос.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
60 мин.

Вкупно време:
1ч. 15 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 2 поголеми модри патлиџани
    2 лажици маслиново масло
    4 лажици сецкан босилек
    100гр. рендан пармезан
    мали ливчиња босилек за декорација
  • 1/2 доза болоњезе сос (види рецепт)

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете еден плех со хартија за печење. Прободете ги модрите патлиџани со вилушка на неколку места и премачкајте ги со маслиново масло. Поставете ги на плехот и печете ги 40 минути. Потоа оставете ги малку да се изладат.

Пресечете ги патлиџаните на половина по должина. Со лажица внимателно извадете ја пулпата и при тоа оставете лушпа од околу 1см дебелина. Пулпата исецкајте ја на ситни парчиња.

Измешајте го болоњезе сосот со исецканиот босилек и пулпата од модриот патлиџан. Поставете ги издлабените модри патлиџани на плех. Со лажица наполенте ги со болоњезе смесата. Одозгора додадете пармезан. Печете ги 20 минути.

Послужете ги декорирани со ливчиња босилек.

18 јуни 2013 - 13:13