Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
1ч. 10 мин.
Вкупно време:
1ч. 25 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 2 лажици маслиново масло
- 2 главици кромид, ситно сецкан
- 3 чешниња лук, исецкан
- 1 поголем морков, исецкан ситно
- 1 црвена пиперка, ситно сецкана
- 2 главици целер, ситно сецкан
- 750гр. мелено говедско месо
- 800гр. домати од конзерва
- 150мл. говедска супа од коцка
- 2 лажици кечап
Подготовка
Загрејте масло во голема тава на среден оган. Додадете ги кромидот, лук, морков, пиперка и целер. Гответе ги со мешање околу 5 минути додека да омекне кромидот.
Додадете го меленото месо. Гответе го со мешање уште 5 минути додека да добие кафеава боја.
Во тавата додадете ги доматите, говетската супа и 2 лажици кечап. Кога смесата ќе зоврие покријте ја тавата со капак , намалете ја јачината на ринглата и гответе го сосот на тивко 30 минути.
Потоа тргнете го капакот и продолжете со готвење уште 20 минути додека да се добие потребната густина.
Послужете го овој сос со шпагети, макарони, во лазањи, канелони или било кои други тестенини по ваша желба.