Време на подготовка:
25 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
40 мин.
Порции
32 парчиња
Состојки
- 125гр. путер, омекнат
- 100гр. кафеав шеќер
- 1 јајце
- 150гр. Нутела
- 370гр. брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 100гр. ситно сецкано чоколадо за готвење
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете плех со хартија за печење.
Со миксер во длабок сад изматете ги путерот и шеќерот. Додадете јајце и Нутела и продолжете со матење додека да се соединат.
Со дрвена лажица додадете го брашното, прашокот за пециво и чоколадните парченца и мешајте ги додека да добиете изедначено тесто.
Формирајте топчиња од тестото и наредете ги во приготвениот плех. Оставете простор помеѓу топчињата. Со вилушка малку притиснете ги.
Печете ги 15 минути. Оставете ги целосно да се изладат пред да ги послужите.
На здравје!