Разно

Изложба на денот

Таман кога помисливме дека барокот е единствениот стил кој не опкружува.... Огромно браво за Мила, и за нејзините цртежи и за махерскиот потег околу изборот на изложбениот простор.

И Вевчани има кружен тек

Охрид и Струга пред летната сезона добија свои кружни текови. А што мислевте, Вевчанци покусо ќе останат?

Скопје во очите на Дамир Никшиќ

Ултра забавна репортажа за Скопје направена од сараевскиот концептуален уметник Дамир Никшиќ. Оди по нашиот "град пресоблечен во 19-от век", го гледа со свежи очи ем здрав дух и онда јаде бабури. А знае да погоди меѓу рогови. Вика: "Секаде ви пишува Македонија, за да знаете каде сте. Само не ви кажува кога сте". 

Мизар - Ѕвезда на надежта

17 минутен документарец за Мизар, групата која изгради еден од најавтентичните музички потписи излезен од овие простори. Горазд, Горан Стапот, Панта, Икаљот и Цобе раскажуваат како изгледаше да се излезе од подрумче и да се освојуваат нови хоризонти и во македонскиот дух и во екс- југословенските територии. А пак да се остане андерграунд во најпозитивната смисла на тој збор.

Како се разделија Скопје и Лондон

Неколку децении по Втората светска војна, двата града растат по слични архитектонски узанси. Но, доаѓа време кога ќе се раздвојат бидејќи едниот град решава својот пат да го продолжи - назад. TEDx излагање на Драган Крстевски, еден наш дечко кој моментално е дел од лондонскиот Make Architects.

Ману Чао во Дојран

"Господинот Хозе Мануел Томас Артур Чао Ортега и официјално станува најпознатата личност која стапнала во Дојран после Благој Истатов." – велат од Пасворд Продакшн .

Трчајќи кон Белизе

Дали Супер Патриотот ќе успее на време да избега од неговата [Независна] {Демократска} (Горна) Република Македонија?"

Цената на студентите

Нашата цена е повисока. Цената е: прво квалитетен образовен систем, второ демократски систем, трето транспарентен систем, четврто еднаква правда за сите.

Боро и Предраг запеаја за Македонија

Во овие шугави времиња за Македонија, со поддршка се јавија двајца нејзини искрени и ничим изазвани пријатели. Двајцата бекрии од Сплит, Борис Дежуловиќ и Предраг Луциќ го направија она што најдобро го знаат: да купат Т'га за југ, да запеат песна и да уденат хируршки точна дијагноза на ситуацијата. Данке Сплитланд.

Лидерска средба, состав и ризици

Седнаа заедно четворицата неприкосновени лидери на меѓусебе закрвените партиски племиња и од нив чекаме некако да дојдат при памет и да договорат како оваа какалурница да не заврши со општо клање. Со кого си имаме работа и кај кои ликови е одлуката?

Трендо...!

Прости мајсторе, морав да напишам, а не смеев да објавам, како што се плашам на некој кој слави роденден на дете и објавил слика да му кликнам лајк за да не трпи заради моето виртуелно присуство таму. Знаеш и самиот кога во лудницата ќе се вознемират пациентите; нема говор на разум, рационалност ... мораш да чекаш да се смири а потоа сите ќе глумат како ништо да не било ...

Да, со Трендо светот е повесел. На еден врло заебан начин

Пошто го знам бајаги одамна, му ги знам сите фази низ кои помина: и онаа младешки ентузијастичната, и онаа стриктно професионалната, и онаа во која веќе му се гадеше од стварноста во која сме вечно осудени да бираме помеѓу Курто и Мурто. И се повлече оттаму во сосема други води, со желба да создаде свој виртуелен простор незагаден од (јебига) доминантната стварност. И упорно се обидуваше (прво со он.нет, а потоа и преку офф.нет) на тој простор да докаже дека во животот постојат теми и муабети во кои ни Бранко, ни Љубчо, ни Грујо не можат да продрат.

Да, се потврди. Со Трендо животот е повесел. И?

Прекинете да нè делите на наши и нивни, комуњари и вмровци и други глупи црно-бели квалификации. Нит сме ваши, нит сме нивни - свои сме. Сакате да ја смениме државава? Почнете од сопствената малограѓанштина.

Њујорк неќе пасти

Токму затоа, сакам да им кажам на сите кои делат интелектуален капацитет со авторите на 9/11, мојот Њујорк во хуманизиран облик има кули близначки кои не паѓаат брзо како њујоршките.

Самурајски, а не џукачки

И сеа ви е супер, онака комотно распослани во својата искомплексирана анонимност, под лажен профил да си куцкате по тастатурата со една рака, додека со друга онанирате на помислата дека - еве, фала курцу, како така му го начукаа и на овој шупаков Трендо, што цел живот е некој и нешто во медиумскиов простор, а јас сум сто пута бољи ама мене никој не ме есапи за жив? Бед њуз, гајс....