Јас немам против на избори да победи било која од двете партии, вмро или есдеес, иако не ми се по волја, ни едните ни другите. Ама имам против лајна-криминалци и политичари од која било партија да бидат амнестирани од судско гонење.
Тоа ќе ја спасело државата? Тоа е како да кажеш дека ако се зацапаш во катран, од тоа ќе се исчистиш и ќе станеш бел како снег.
Изборите се едно, правната држава е друго. На изборите нека победи кој сака, ама тоа не смее да амнестира никого... и вмро да победи, правдата за нивните функционери што се заборавија во својата ароганција и тогаш ќе треба да се спроведе до крај. Знам дека и во вмро има и нормални луѓе, домаќини, и дека и тие беа згадени од чуеното за нивната „елита". Ако Груевски, Мијалков, Јанкулоска, Бучковски, Заев, Јанакиески или кој било политичар не ожнее што посеал, која е пораката? Дека грабежите и местенките се надмината работа?
Што ќе биде следното ако ова не се казнува, политичарите може да прејдат на педофилија или канибализам? Или и за тоа ќе им дадат имунитет? И порано пишував дека политичките елити од сдсм и вмро се во таен сојуз и имаат договор (ни пржински, ни охридски, туку некој таен и премолчен) да си се штитат и да се чуваат, и да си се нафатираат за десет генерации и ич да не им чуе. Тие не се ни левица ни десница, туку лајница. Во РМ, сè уште, ниту еден битен политичар не заглавил затвор. А зулуми и зулумќари имаше колку ти душа сака, особено од независноста наваму. Иванов го прави тоа што го прави зашто тие му донесоа два мандата, инаку кој би гласал за таков „харизматичен" и мудар човек како него? И тој е уценет, како и сите државни службеници што се вработени преку партија, а таквите го изгласаа за претседател. Тие и нивните роднини од кои вработениот преку партија бара да гласаат за кутриот да си ја исполни квотата. А ова е политика што ја научија и усовршија од сдс.
Да не кажав нови и непознати работи? Не верувам. Мислам дека нема човек (со трошка памет) во Македонија кој не ги знае овие работи. Епа, доста беше. Доста е!
Тихомир
(неговите бавчи се овде)