Разно

Се јави и Теменугов, жртвата на заговорот Трендо - Котевски!

Го слушнавте Заев што одбрал да обелодени, прочитавте што Трендо има да каже за "скандалот" кој ја растрепери вистинољубивата јавност а во доцните вечерни часови лично се огласи и самата жртва на објавениот разговор, новинарот Горан Теменугов! Шоковите продолжуваат!!!!

Протестите, по последната бомба за Никола Младенов

Ситуацијата во Скопје по последната, со право долгоочекувана бомба на Зоран Заев.

Што е за мене ГТЦ?

И кога денес ќе помислам што е за мене ГТЦ, сфаќам дека тоа е мојот живот и сето она убаво, чисто, паметно и светско збрано во него.

Скриенале

Така се сака музика. Без конкурси, без државни субвенции и други надворешни стимуланси. Херои на денот.

Феим Смокчето & Филип Мачор: Забранета љубов

Во најдобриот филм за Скопје, "Шампионите на Шутка", постои сцена во која типови се натпреваруваат кој има подобра музика а победник е оној кој повеќе ќе ја расплаче присутната публика. Смокчето и Мачорот заслужуваат доживотно да ги отвораат овие емотивно-музички битки.

Отворено писмо до Дарко Башески, директор на Агенцијата за филм

Ти се обраќам да те информирам дека, во својство на сценарист и режисер, го стопирам играниот филмски проект „Аферата Мис Стон".

Роден град

Последниот ден од неговото диџејување во Трендоленд, Теофил Панчиќ на своите читатели од белградско Време им го претстави градот кoj цел живот го м'кне со себе а првпат го запознава.

Ујар Свежијо и неговата љубовна поезија

Пробавме да набавиме кратки мислења или рецензии од наши реномирани поети за љубовната поезија на Ујар но наидовме на мукла! (поетски: обезгласие), па затоа ќе го пуштиме клот, само со нашата прозаична оценка дека неговата љубовна поезија е - по битолски - цут!

Отвори го прозорецот да подиши градот

Да чуете една - 20 години! - недовршена песна. Па сепак подобра, посвежа и поградска од многу песни кои денес излегуваат  - довршени. Слична судбина доживеа и градот во кој се пее. Скопје, тогаш ужасно недовршен, денес непоправливо довршен. 

Го знаете ли Чарли од Скопје?

Чарли всушност е од Африка ама (ако не е ова превара наснимана, а ни тврдат дека не е) фраерот во својот речник има повеќе македонски зборови од некои наши политичари. Ау Чарли, скопјаниште едно!

Барокот (не) лета високо

Супер скоцкана видео минијатура. Еден небитен но шармaнтен детал од аналогното фотошопирање на Скопје. Македонска олимпијска дисциплина: фрлање барок во вис.

Отиде и Владата во Свирипичино

Како му запнавме на ова Сирипичино, Гугл го пореметивме. Прво беше само МАНУ и Економски факултет, па дојдoвме ние од Трендоленд а еве ти ја сега и Влада! Раат да се немало никаде.

Време за мешање на картите

Оптимистот ќе гледа како секоја карта има шанса да се појави на врвот. Песимистот ќе гледа како  и да се мешаат картите, шпилот останува ист. Тоа е.

Пинк Флојд за Кочани

Група млади од Кочани, сакаат да спасат еден "комуњарски" споменик пред тој да стане руина и затоа ќе свират ствари од Пинк Флојд. Па, има ли боље? Има, можете и вие да донирате за оваа супер идеја.