Разно

Со лидерот на Водно

"- Нели за резултати требаше да градиме? - За да градиме треба да има кај да градиме. Кај да градиме ако е сè полно? Руши и гради!" Парче генијалност на момците од К 15.

Коста Бургов има нова музичка бомба

По долго време бафтање со Фотошоп, Коста Бургов конечно ѝ се врати на својата татковина, музиката. Има нова песна и спот. Песната е лирска преработка на Рафаела Кара (љубов ми дај, само тоа ми треба знај) а спотот е преработка на епска сцена, Коста супериорно над градот, спремен да го потопи со љубов и уметност. Патем, ќе видите и сами, неговата заиграност не престанува кога завршува песната. Преубав!

Авторите за Шнајдерите

Серијалот Уа Шнајдери е снимен далечната 1995-та година и е посветен на филмот, поточно фетишот на гледање филмови. 20 години подоцна, ги прашавме двајцата автори да одберат по едно свое омилено парче од серијата.

Саша и бомбите на Заев

Што се случува кога детството ќе биде потопено од политика или како се одразуваат генерациските разлики на актуелниве теми. Врвно видео! 

Еве, само што не ни дошол памет

Видео објавено некаде 97-ма, на телевизија со национална концесија. Тогаш Амди Бајрам беше пратеник, денес Амди Барјам е пратеник. Тогаш луѓето се исчудуваа, денес луѓето се исчудуваат. Уживате ли што живеете во една волку стабилна земја?

Каде е Свирипичино?

Нејасно е зошто нашиов читател воопшто решил да го бара Свирипичино на Гугл мапс, ама сега ни е барем јасно што Гугл мапс мисли за ова пребарување.

Две во една

Во 2012-та првпат ве почастивме со еден видео зен (Два вида жени) по кој сите си имавме во глава некоја своја претставничка на спомнатите видови. Три години и неколку бомби подоцна, сите мислиме на истата, нели?

Некој во тиквата гледа семки, некој....

Додека народ главно сеири на разни теми и и грицка семки, еден дечко од Охрид знае по 10 часа дневно да се занимава со шупливи тикви. Шупливи тикви? Врв на денгубење? Ѕирнете, одма ќе ве напушти таа мисла. Браво Климент. 

Коста Бургов се скара со Даница Максимовиќ!!!

Од секојдневната комуникација со Коста Бургов (за што ве информиравме овде) дознавме дека тој уште ѝ го нема простено гревот што му го направила Даница Максимовиќ (гуглање) кога била во жирито на едно шоу во кое тој важеше за еден од фаворитите. Да пробаме од ова да направиме таблоидна вест, колку да го вежбаме жанрот.

Јанкуловска, Иселенички џубокс

Ако првото парче (Еве и ја) беше игра на нерви, видете го тек ова. Не, не можеш нејзе да ѝ нафрлиш топка а таа одма да не ти ја врати! Со други зборови, лицето Г.Ј. и лицето М.П. се поздравуваат во емисијата И.Џ.

Македонскиот авенџер: Ајвармен

Уште имало некакви знаци на живот во Македонија. За среќа, преживеаниот се вика стрип. Ајвармен е лик креиран од Давор Драмиќанин (сценарио) и Игор Јовчевски (цртеж). Еден од главните противници му е Томатон а во албумот ги има и националниот супер херој Македон,лесковачкиот јунак Роштиљач...

Техно ремикс: Началниче

Порано се правеа со Пато, сега со новиве материјали. Кул. Проблем е кога ќе се сетите дека порано чекавме ново видео со Северина, сега чекаме ново аудио со Јанкуловска. Јак ни е напредоков, а? 

Кога имате проблем со АлиЕкспрес

Наш дечко нарачал нешто од АлиЕкспрес ама ни после два месеца не му стигнало тоа  па решпил да им пише. Наидува на изворно кинеска корисничка поддршка чиј одговор е ју-хууу! Пробајте да го читате со неговиот кутар кинески глас (а супер ферцера и со индијски Апу акцент).

Уба си Битола, дасибиш веко

Седум и нешто минутен тајм лапс посветен на градот на конзулите, Фолтинци и Димса, Каролина, Крсте од Њујорк, Стребре од Епинал, Лео што се женеше лани, Коче кој ќе се жени во мај и сите други фиљан луѓе што ги знаеме од таму.

Сашо Мијалков - Лиам Нисон

Ако ви е ова смешно - разбираме. Ако ова не ви е ич за смеење - разбираме. Гледате колку е лесно да се разбереме?

Еве и ја

Толку е добро ова парче муабет меѓу Јанкуловска и Протуѓер што треба да стане дифолтен почеток на сите телефонски разговори во Македонија. Да не ви откриваме све, ама Јанкуловска е генијалец.

Дубиозниот за студентскиот колектив

Го пренесовме ние стримот од тој концерт ама нека остане и траен белег од фраерскиот потег на Босанците, да им свират на разбудените студенти на УКИМ. Фино снимено од екипата на Мим, дур уште не стапила на сила забраната за дронови.

Кикотење на нашите теми

Како оние видеа со Хитлер од " Der Untergang", оваа сцена со штрбавиот кој заразно се смее станува одлична подлога за спрдање со која било актуелна тема. Го имаме во две варијанти, за екстерното и за македонските анонимуси. Во обата случаи, нема утка, кркорење!