Браво за Велес

Велес е град кој си има свои гајлиња, од загаденоста на почвата и воздухот, преку лутата немаштија па сè до пустата навика на постарите да плукаат семки од сончоглед кај ќе стигнат. Но, ќе видите едно видео на кое барем малите велешанчиња изгледаат светски и заштитени од проблемите на својот град. Благодарејќи на персоналот и пријателите на градинката Димче Митрев, децата таму се новогодишно спастрени, онака како што заслужуваат сите деца на овој свет.

21 декември 2015 - 13:49