Живееме во време во кое иднината на младите таленти зависи од тоа дали Цеца дигнала столче или дали префинетиот уметнички шазам на Зорица Брунцлик им ја препознал "енергијата". Во време во кое родители рикаат ко малоумни само зашто нивното талентирано дете не минало заради гласот на Мирослав факинг Илиќ.
Некој јадник во оваа држава, за да земе плата, морал да ме слуша и да запишува што зборувам. Му завршува работното време, тој се враќа дома, жена му го прашува: "Kој ти се падна денеска?", а овој со наведната глава промрморува: "Oној Трендо".
Професорскиот пленум во последно време се едни од најревносните полначи на нашето уредничко сандаче (додуша малку се разочаравме што не кажаа ништо за ракометот Македонија - Словенија). И додека повеќето од нив се бават со големите идеи за автономија и за фактори, ја забораваме човечката приказна којашто стои зад секој закон, па и зад овој што е актуелен. Да збореа професорите со ваков - со опроштение на софрава - дискурс, веројатно немаше толку лесно да помине муабетот за нив како елитисти и снобови. Браво Ана.
Ако е ова пародија (исмевање преку претерана имитација) тогаш не е добро затоа што не е смешно. Ако не е пародија, тогаш ич не е добро. "Ако немаш трето дете џабе ти се двете", ќе порача раперот во синдикалка, осамен во своето опскурно кујниче.
Макфест, 1992 година. Моментот кога Игор Џамбазов (млад и свеж) решава освоената награда да му ја предаде на претседателот Киро Глигоров (стар и свеж) што бива акламативно поздравено од публиката. И друго нешто ни е муабетот. Колку години минаа од најавеното "души ќе прозборат, некој ќе дознае" а ние сè уште не дознавме "каде погрешивме".
Добиваме уште една потврда на нашата стара теза дека ако постоеше Фејсбук во времето на Илинден, повикот за востанието ќе добиеше милион лајкови а на Мечкин камен ќе се собереа двајца без тројца.
Кој бил во Штип, го знае. За другите, 20 минутен документарец за уникатниот граѓанин на Штип, Македонија, Земјата и нејзиниот комшилук, Мики Ли Трајчевски, еден од ретките луѓе кои сè уште се прашуваат "кој сум јас?"
Насловот на оваа социјално ангажирана а православна рокачина е "Парето ми падна" а подолгиот опис на ситуацијата гласи: "Парето ми падна мене а не ти падна тебе"! Ама, без заебанција, оној потег "рачки од тапани" навестува дека Паљач и дисторзија знаат што зборуваат. Шибајте најјако!
Последната шашма во која се заплеткуваат кавгите околу високото образовение се вика "импакт фактор", Звучи учено и авторитетно, лесна е за копи - пејст и затоа деновиве на неа се повикува и шуто и рогато. Да се објасниме со упатен човек.
Дури и ужасно стара ВХС снимка не може да ги намали емоциите ако се работи за квалитетна песна. Водителот тврди дека се работи за група која го негува "хард енд хеви звукот" а потоа ќе слушнете како наспроти таа најавена цврстина се крие нежна и ненаспана душа која бара само нежност и среќа.
Нашиот прв бавчанџија Да Џака Накот никогаш не го бивало многу за математика. Од друга страна, отсекогаш бил одличен кога треба да се сведат некои сметки: