Дај да шпијам, мила мајко, да шпијунирам,
гласовите, мила мајко, да архивирам.
Како што е златен Ролекс полн со часови,
Така е и мојот Ајфон полн с гласови.
Снимам мајко дипломати, опозиција,
мојто Ајфон секој прати ко полиција.
Како што е мојто Ајфон полно с кипови,
така е и мојто Скопје полн с кипови.
Каде станаа против мене, разни протуви,
има да ме бранат мајко, коњски статуи.
Како што е ова полна чаша полна с мастика,
така е и мојто Скопје полн с антика.
Дај да пијам мила мајко, да се опијам,
демонстранти, мила мајко, да заборавам.
Да си земам, мила мајко, пушка берданка,
да на градот Куманово правам стреланка.
Ни да шпијаш миле сине, фајде си нема,
ни да земаш, мили сине, пушка берданка.
Фајда има мили сине, сака те мајка,
Твоја оставка.