
Јас сум Дејан Петровиќ од Битола, завршив дизајн на звук на Ванкувер Школата за филм каде од нас очекуваа да изработиме финален проект. Покрај мојот учестував во финалниот проект на еден мој колега од Венецуела - David Elias Daoud Evia како voice actor и го глумев главниот лик - Рамби - нервозно војниче.
Се работи за стоп анимација со паралингвистички дијалог - употребувам македонски изрази и фрази измешани со некои измислени зборови со медитеранска фонетика и интонација.
На крајот велам - Арна бе Дунда :)
Најважно за ова е дека сите мои колеги го прифатија зборот Дунда уште во текот на годината. Викаа по ходници, прогласија The Dunda King итн... и после паѓаа во смеа на финалната дипломска проекција. Другите шо не знаеја прашуваа шо е работата и оти се смееме толку :)
Поздрав