Кочани, жалиме

Музика од Пинк Флојд за спасување на комуњарски споменик во Кочани. Ах, како тоа добро звучеше кога го објавувавме! Успеавме да собереме еден куп лајкови за идејата (статијата види ја овде), но дечките, за жал, не успеале да соберат доволно пари, како што тоа обично бива овде.  Ама затоа, ете ги овде, во МКЦ.

Со тоа што го собрале, организираат концерт во МКЦ, во сабота, на 2-ри април, во 22 часот. Во полн состав од девет луѓе, прв 3 часовен концерт на кој ќе се обидат да ја доближат психоделијата и хармонијата на Пинк Флојд.

Да им се оди, додека удобно не сме отупеле на темнава страна на Земјава.

Пих, дечки, стварно штета за идејата!

инфо за карти/марти и друго - овде

 

31 март 2016 - 17:59