Повелете Dick Major, на македонски

Сме го линкале пар пати ама можеби уште не сте го нагазиле како што треба односно како што заслужува. Се потпишува како Dick Major (говорете македонски: Кур Голем) и е еден од најрасните раскажувачи на кои можете да налетате на македонскиот нет во моментов. Пишува баш онака како што сакаме да читаме: шарено, разиграно, со фина драматика а без потење. И има нова пишанка од неговиот серијал "Сеќавања на Америка"

Се претставивме со Треј и влеговме внатре.

„Beer or bourbon?" крајно гостопримливо нѐ праша Мими која делуваше како и самата да е скркана на спид.

„Две пива за мене." ӣ нарачав во стилот на Буковски.

„How 'bout your friend here?", ме праша за Треј кого кренкот го беше збудалил до степен на апсолитен Зен Будизам. Беше укочен како да ќарил хипотермија и само капакот на едното око му мрдаше во ритамот на лошата кантри тралалајка која завиваше во позадина на ретро радиото.

„Знаеш што, донеси ни ти флаша бурбон ако не е проблем." й одговорив, и Мими се окези со празна насмевка без заби, но веднаш се покри преку устата кога й текна дека заборавила да си ја стави вештачката вилица.

Да, си помислив, оваа жена е наркоман.

Куќичката беше празна и трагична. Ѕидовите беа голи и валкани, намештајот стар и тажен и наоколу ни случајно не можеше да се чуе детско кикотење иако имаше прљави и искршени играчки насекаде. Како што разбравме скоро веднаш, Мими беше разведена со двете мали деца кај бившиот, работеше како медицинска сестра во старечки дом во соседното гратче, и многу бргу се испостави дека е тежок зависник од метамфетамин како и што помислив.

Се опуштивме на каучот и мислам дека испив пола гајба пиво во рекордно кратко време...

Саат време подоцна дојде Мет, помалиот брат на Мајк и Мими заедно со девојка му Патриша. Влегоа внатре како Бони и Клајд, сомнително и наострено.

Целата приказна и другите епизоди ги имате на порталот 365

22 април 2016 - 10:20