
По толку вовлекување,
пушени мозоци и роловани јазици,
спуштени глави со истренирани чмарови,
ќе бидат одлични безрбетници на жар!
Некој пука прв, некој чмае во скут.
Паричката е во воздух, петка или глава?
Ослободен печат, и неузурпирана
телевизиска програма –
тоа треба да е целта.
По поразoт и пред него
или до победата и по неа?
Гледам идни урнатини
престорени во паркови.
По едно дрвце за секој паднат борец –
револуција без крв е како
дефлорирање курва.
Пензиoнерски поход и
студентска еволуција.
Средната класа не е само за на маса,
профитерите се само за на трупец,
но сиромаштијата никогаш не
смее да зазема погрешна страна.
Ќе биде, кај и да е,
но дотогаш ќе живееме
полошо дури и од времето
опишано во Отпишаните.
Вимавај Тихи, бомбааа!
Прле, потивко, ќе не
слушне некој!
Јовица Ивановски
14.10.2014