Разно

Госпожа, па што не си чучнавте и вие?

Има такви кои собираат после своето милениче, ама многу бре ги има вакви; ќе го почекаат детето да се даунлодира (некогаш и они малку ќе напнат, за поддршка) а потоа аристократски ќе одјаваат во градскиот крајолик. Озбилни сме за чучнувањето. Бар двајца ќе завршат работа во исто време а нам и онака ни е сеедно во чие говно ќе цапнеме.

Како Денко станал Денко?

Како тој станал некој кој го познаваме како Денко Малески, некогашен министер за надворешни работи, предлог на ДУИ за консензуален претседател на Македонија и сè по ред? Така што се презива Малески. Покојниот Блаже Ристески се познавал со неговиот татко а тоа овде од памтивек била главната препорака за кариера. Денко Зостер инсистирал да биде шеф на дипломатија и ништо друго, овие прифатиле, пошто Блаже бил труп англиски.

Денко Малески - Прилагодливио

Има луѓе кои функционираат како херпеси, се појавуваат кога ќе насетат дека паднал имунолошкиот систем на организмот во кој гувеат. Денко Малески имаше едно 30 години да бекне за ова, откако се ослободивме од заштитата на југословенската федерација. Не да бекне, туку и да грмне, бидејќи обавуваше највисоки државни функции. Ама, ете, сега осетил.

Отворено писмо “Простор анти корона“

Оваа криза е нашето ново нормално за минимум една година. Колку побрзо се започне со осмислување и спроведување на мерки за овозможување поголем пешачки и велосипедски простор, толку подобро за сите.

Драматично видео со безбедносен хепиенд

Ете ја акцијата во која учествуваа полициско возило, марица и неколку одважни полицајци на кои личната безбедност им е помалку битна од редот и сигурноста на улиците па голомуцести го приведоа превејаниот кршач на редот. За среќа, операцијата помина без употреба на хермелин и хеликоптер.

Одговоро на прашањето се состое у самото прашање

На момент не сме само обични торби пуни коски и месо, туку победници, шо го победиле исконскио страв од бесмисла.

Отворете си го срцето, ушите сами ќе ви се отворат

Ете ни уште едно парче тв историја. Водителкатата Јулија во живо бива подвргната на мал здравствено-енергетски третман од својата гостинка која се занимава со традиционалното лекување на северно-американските Индијанци. После ова, индијанското име на Јулија е „Газелата која лесно се конектира.“

Што е поентата на вакво прскање?

Знаат они за студии дека вирусот обично се собира на средина на улицата? Дека ако одиш по средина на непрскано влегуваш во ризична група а ако одиш по средина на прскано тоа ти е итра алтернатива на самоизолација? 

#СедиДома, народни наравоученија

Од разбирливи причини, песнава нè дирна со својот почеток (излегу да се расшета) ама за беља ја оставивме до крај за да сфатиме дека е една од побруталните народни песни кои сме ги чуле (а сме слушнале секакви). Пазете ја вие таа клетва, колку таа трае и како се излегува од неа откако ќе ја одлежиш. Седите дома, индид.

Гугл: Колку Македонија престана да се движи?

Настрана сега оние муабети колку ОНИ знаат за НАС и какви сè податоци имаат за нашиот секојдневен живот. Гугл искористи она што го има (овојпат со наша дозвола) да ни покаже колку и како сме ја редуцирале нашата мобилност и одењето по кафани, продавници, паркови и друго.

Рацете подобро в џеб да ги држите

ЦИВИЛИ НЕ ТРЕБА ДА НОСАТ НИТУ ЛАТЕКСНИ НИТУ НИТРИЛНИ РАКАВИЦИ, веднаш да се забрани, дури и да се казнува! Свесни ли сте која дисеминација правите со тие ракавици што ги носите со часови? Тоа се ракавици за еднократна употреба, ЕДНОКРАТНА! Не да пазариш и да шеташ со нив цел ден, не за касиерки, насекаде!

Се јави Паљото

Пуст Широк сокак во Битола, оса да помине ќе ја чуеш. Ама тука е Паљото да потсети дека тоа некогаш беше една од најшармантните градски џунгли во Македонија. Џунгли? Да.

Shkup, Çair, март 2020

„Поминавме шефе, нема жив човек по улици.“

Скопје како светска метропола

Требаше да се случи пандемија за главниот град на Македонија (Заев од зад некој жбун: СЕВЕРНА!) конечно да личи ама баш исто како неговите колеги од Европа и светот. Снимките од дрон покажуваат дека Скопје воопшто не било пренаселено како што го мислевме. Само дека во нормални услови, многу ни шетка газето.

Дневник на наш истражувач од карантин во Барселона

Дневникот на Илија започнува три дена пред хаосот во Шпанија а завршува кога почнува рутинскиот „Groundhog Day“. „Додека ги правиме „романтичните“ прошетки меѓу влезната врата и балконот, или кога одиме на „егзотично“ патување до продавница, можеме да размислиме за многу работи...“

Изолацијата на Јонче и Алексо

Лесно е да си Јонче кога го имаш Алексо.

КС го лови духот на времето

До предкоперациските теоретичари на заговор шо папагалски го поставуват прашањето: "А шо после пандемијата, со кој нов вирус ќе не заплашуват, шо ќе се случе со нас"

Кој ќе испадне попаметен?

Две видеа од Бостон и од Лос Анџелес снимени со дрон и две фотографии од скопскиот градски парк снимени со јанѕа.

Македонецот и карантинот

Имаме ние народна песна за нашата дифолтна проблематичност со карантини и изолации. Иако поводот, се разбира, не бил коронавирус, не се сомневајте дека народниот дух не успевал да дијагностицира некои фиксни патерни во однесувањето на нашиот човек. Наравоучение: #НеБидиДедото.