Разно

Порака до Помпео

Доналд Трамп:„Како и мојата сакана земја, секоја нација претставена во оваа сала инма негувана историја, култура и наследство кое вреди да се брани и да се слави и коешто ни го дава нашиот единствен потенцијал и сила“.

Добрила Кацарска vs Душко Лазаров

Замислете ваква грешка да направи хирург во операциона сала и да се одбрани со тезата: Извинете, направив ненамерна грешка и поради тоа Вашиот сопруг/татко не е повеќе меѓу нас.

Заборавени скопски денс движења

Спот на Бис-Без и нивната верзија на „Море сокол пие“. Тотално е аудио/видео во асинк, ама нема врска. Дражесни сцени на заиграни и ведри млади луѓе, со дечиња на рамо и слично. Најјакиот денс сегмент се случува меѓу 1:13 и 1:19. Како спот на Devo да треба да прават аналогни роботи на Крафтверк, тренирани од Ministry of Silly Walks на Монти Пајтон.

Кој антибиотик го сакате?

За оние што веднаш трчаат по антибиотици во аптеки. Или за оние што на докторот му кажуваат кој антибиотик им врши работа. Или за оние што се лутат ако докторот не препише антибиотик на првите знаци на настинка на нивното дете.

Нова песна за татковината, за првачиња или понављачи

Дојдовме до песничка за татковината за првоодделенци, во која и на децата им ја пишале како Северна, пошто од нивните пријатели од Грција научиле дека труењето е најефикасно ако се почне од мали нозе. Ние малку од малку ја продолживме песната, ферски е да ја знаат нашиве мали поголемата вистина за името на нивната татковина Македонија.

Човек и пустина

Има дечки кои нит ги знаеме нит ги познаваме ама со задоволство ги поддржуваме. Затоа што има за што да се подржат, а има за што да се поддржат затоа што се одважиле да не живеат во бермудскиот триаголник на македонските животи: кладилница- фејсбук - афери. После Farewell и Dog of War, Пеце Здравсковски има ново филмче, на кое добро му оди на едно меѓународно одмерување, а нема да му дојде лошо и ако го подбутнете. 

Охриѓани на платно

Кој рече дека на охриѓани им имат снемано адреналин?

Кога Сидран сонуваше на македонски

Приказната вели дека култниот босанскохерцеговски писател, поет и драматург, Абдулах Сидран (најпознат по сценаријата за Кустурица; Доли бел и Татко на службен пат), една ноќ сонил песна на македонски јазик, јазик кој не го познава.

Имате селфи со Вале Голубица?

Северен Фиром, 2024 година. Медиумскиот могул Вале Голубица во чија брзорастечка телевизија се пресели новинарскиот крем од некогашната 1ТВ, на гала вечерта во нејзина чест ги поздрави присутните членови на владата и високите државни функционери, бизнис елитата и естрадниот џет сет. Што бе дечки, не ви е смешно?

Македонија останува на младите

Ах кога ќе се сетиме какви млади ни заминаа од овде. И дупло ах, кога ќе видиме кој од нив останува.

Како го замразив социјализмот и не успеав да го засакам капитализмот

Беа тоа времиња кога полесно беше да отепаш бафало во Канада, отколку да фатиш женска во Скопје....

Патешествието на „Кажи зошто ме остави“

По Миљенко Јерговиќ, постојат три верзии на песната кои треба да се слушнат: грчката, македонската и онаа на Џими Станиќ.

Десетка со кромид

Во 2010, кога почнувавме со МакеДокс, често добивавме коментари, и тоа од луѓе блиски нам и до фелата кои сумирано би можеле да се парафразираат некако вака - ќе пуштате филмови за бели мечки и лавови во Куршумли? Зошто?

Дечки, не во секој Луи Витон

Некој влегол во продавница на чанти, наидува на слвната марка па излуден од оние силни пари кои деновиве ја дрмаат целата власт, решил да си ја проба среќата, мислејќи „Луи Витон си е Луи Витон“. Ако наидете на некој од оние новинари кои му правеа велелепни интервјуа на Боки, не пробувајте да ги штипнете за образ, пошто ист ѓавол.

Традицијата на размена на азиланти со Унгарија

По неуспешната револуција против Советите во 1956-та година, многу политички бегалци од Унгарија наоѓаат засолниште во Југославија која ги распоредува во разни краеви од земјата. Некои од нив завршуваат во Крушево. Крушево денес ги памти по убаво. 

Егеј до Бриони

„Ој, јаворе“ е една од најубавите македонски песни од Егејска Македонија. На бреговите на омилениот остров на Тито, ја пее Шреја.