Му пречи што на влезот на фабриката имало една - инаку скроз пристојна и цивилизирана - порака во која ги потцртал најспорните моменти. Па ќе каже:
“На самиот влез од фабриката стои табла на која пишува (посебно потенцира) дека од управата на фирмата не прават разлики помеѓу религии, педери и нормални луѓе, правејќи ги сите нив еднакви. Со тоа нормализирајќи го сатанизмот како нешто вообичаено, така што вработените гледајќи го секој ден тоа при влезот во фабриката, го примаат во нивните глави и без да осетат мозокот им е веќе испран“.
Му пречи што имало фотографии од Југославија. Па ќе каже:
Ние пред сè како Македонци немаме ништо заедничко со таа сатанистичка земја, поради чиј режим загинаа илјадници Македонци, од кои и наши предци, членови на нашите фамилии! Некои од нив се убивани со чекан по срцето.
Му пречи што се наметнуваат „измислени празници“ кои сатанистичкиот запад ги применува а имаат за цел да ги задушат православните празници. Таков му е, на пример, 8 март, кој само се претставува како Ден на жената ама тој знае дека суштината е што на тој ден болшевиците во Петроград ја започнале револуцијата и граѓанската војна во 1917 година. Па ќе каже:
На кратко тоа е тоа за осми март, а преку тој ден сакаат да го промовираат и феминизмот. “Независна жена“. Тоа е тоа искривување на вредности, каде сакаат да ја направат жената независна од мажот. Повторно спротивно на Христијанството и Православието. Кажете ѝ на жената дека не ѝ треба маж, па може да стане лезбејка и се што ѝ налага сатанизмот.
Му пречи што „празниците“ се користат за спроведување сатански традиции. Приложува фотографија од настапот на Лозано:
Ако не ја гледате поентата, да ви објасни:
Видете ги како само се радуваат на фотографијата, како дете од 5 години кога ќе му дадеш чоколадо, да не плаче после ќотек. Ова на фотографиите е класично идолопоклонство (фаворизирање, идолизирање, собирање околу некоја личност како да е некое божество, а во случајот Лозано) свесно или несвесно прифатено, а наметнато од фирмата.
Му пречи што некој ден донеле дечиња во фабриката, за да видат каде им работат родителите. Па ќе каже:
Дечињата ги прошетаа низ фабрика, па како партиите што си ги носат членовите на митинг им дадоа сендвичи и по некое подароче, а главната цел им беше да им ја стават фабриката во глава додека се сеуште мали.
Му пречи што во фабричкиот весник е главна алатка за пропаганда а таквата дрскост оди дотаму што во една прилика ги пропагирале дури и САД и американското знаме! Доказ има за тоа, слепци едни:
Условите за работа се страшни, особено во ковид кризата. Замислете го вие ова:
...неколку пати во текот на смената ни мерат телесна температура. Работиме осум часа со маска на лицето, во просторија во која нема прозорци и нормално, секогаш сме испотени од работа, а при мерењето на температура доколку таа покаже повеќе од 37, ве ставаат во соба за изолација додека да ве земат со комбе и ве носат во болница каде ви кажуваат дека сте ковид позитивен! Уствари немате ништо, само сте вжештени од работа. Потоа вас ве вбројуваат во заболените од корона, а бројката на “заболени“ оди во шпицата на вестите.
Му пречи Северна. Тоа добро.
И конечно, еве го најјакото што му пречи. Тоа што им викаат - да читаат!
По повод овој подмолен совет, да ги замислиме последиците:
Замислете што би му направиле со животот на некој лесноумен човек доколку страда од некоја болест и го види овој текст! Па може да почне да чита со надеж дека ќе оздрави, или депресијата ќе го напушти, и на крајот да заврши две метра под земја да не дај Боже! И кој после ќе одговара за психичката состојба на луѓето?! Ова е веќе перење на мозок посилно од центрифуга mode.
Јебо те!
Наместо резиме, да завршиме со прашање. Писмото го потпишува еден човек (некој М.П) но тврди дека зборува во името на многумина. Како стручно се викаше тоа?
Интегрално го имате овде