Заборавате каде живееме?

Јас од вакцинирање не се плашам.

Прво, нема вакцини, а нема ни фрижидери за нив.

Ќе дојдат фрижидери, ќе нема вакцини.

Ќе дојдат вакцини, ќе нема за сите.

Ќе има за сите, ќе нема за втора доза.

Ќе има вакцини, ќе има фрижидери, ќе ја нема сестра Маре да ја стави.

Ќе се врати сестра Маре од изолација, замрзнале вакцините.

Замрзни, одмрзни, ко месото од Бразил.

Па ќе снема струја во фрижидерите, ќе се расипат вакцините.

Заборавате каде живееме, море љуѓе, еј?

* виа Наше Кавадарци

***********

 

 

24 јануари 2021 - 12:17