Призорите на „офанзивата“ се конечен и недвосмислен доказ дека волкаво понижување и срам, македонската држава никогаш досега не ни приредила.
Дали може конечно да си признаеме себеси дека сме поразени, посрамени, дека веќе сме под секое ниво, дека држава имаме само на некое парче хартија кое наквасенo од нашата пот, крв и солзи полека се распарчува.
Дали може да си признаеме, дека е направена огромна и тешко поправлива грешка, дека не е срамота тоа што некои некогаш се надевале на баграва, дека истата ќе нѐ одведе во вистински правец, дека инаетењето помеѓу нас само ќе ни штети додека нѐ ништат до последен миг преку пописи, кражби, омаловажувања и што ли не. Да признаеме дека не сме биле во поголема депресија отколку во оваа, во која не втурнаа и конелно да си простиме без тоа некој да го побара од било кого од нас, едноставно само да си простиме ние граѓаните без да се навредуваме меѓусебно, бидејќи нивната цел е точно таа. А ним, на баграва, на гнојов, ниту да им простиме ниту да им заборавиме. И потоа, да започнеме промена на секое поле, да не дозволиме повторно оваа грешка, ова зло да ни се повтори. Дали сме воолни и силни?
Со среќа и со лесно!
А вие подлизурковци, лигуши и крлежи што сте на владина цицка и што објаснувате дека граѓаните се криви оти државата ни е неспособна, вие стигнавте толку долу, што реално ќе треба да измислиме нов збор, оти нема во нашиот јазик збор за толку долу, најдолу - подолу од најдлабокото.
Значи, граѓаните се криви бре, како не им е срам што бараат спас за себе и своите блиски, па што ако џабе плаќаат даноци и здравствено. Граѓаните знаат дека тие пари се наменети само за членовите на коалицијата на власт - а сите други треба да умрат ама да останат СДСМ „вакционерски“ патриоти! И токму заради тоа државата ќе ви го отежне и патувањето за да се вакцинирате, за инат бре!
Криви сте вие граѓаните оти државата забрзано се демонтира; оти политичарите лобираат за попис, наместо за вакцини; оти даноците ќе се зголемат; оти кафаните е најважно да работат; оти за полициските акции први дознаваат криминалците; оти дипломатијата потчинето молчи на силувањето од Бугарија и врска нема што прави со себе, ама упорно и неспособно со глуп поглед и отворен клун чека милост од ЕУ; оти вакцините ќе дојдат ама на крај што реално е добро нАли, нека умираат други од вакцини, ние ќе умираме од ковид; оти болниците се преполни и докторите врескааат дека системот ќе пукне, а и тие со него; оти важно е попис да има токму сега, па ако треба и насилно и со казни и со по некоја жртва; оти секој ден умираат десетици луѓе луѓе од Ковид, а власта ќути и подмолно си тера партиски агенди; оти ДУИ секој ден му се моча на глава на СДСМ, ама и нас другите не потфаќа; оти опозицијата уште не знае на коа планета се наоѓа; оти хаосот, подмолноста, неспособноста и пандемискиот ужас е ваша вина; оти вие сте криви дека имаме нефункционална, неспособна држава армија на партиски подлизурковци. ПУлитичарите и крлежите се само збунети манекени кои сакаат да јадат, пијат, да се збогатат и да ги знаат У град!
Каков ироничен ден. Од една страна, министерот за здравство и цела Влада слават година дена во НАТО. На триесетина километри, колони возила по саат време чекаат влез во Србија. Луѓето се вакцинираат, за да си го заштитат здравјето.
Тажен ми е денов.
Денеска луѓето се изјаснија, пратија многу јасна порака, покажаа среден прст.
Ова не е Богородица. Ова е Табановце. Народот не чека саати за да оди на море, туку исплашен бара чаре за своето здравје.
До овој степен неспособна влада Македонија немала, најверојатно нема ни да има. Овие колони се доказ за тоа дека Филипче и Заев се најголемите арамии и манипулатори во Македонската историја.
Крајот вака изгледа...
Секоја чест за Србија која има потполно разбирање за тоа колку дудуциве се неспособни.
Попис у сред пандемија? Море МАМИЦАТА ВАША!
Еве вака изгледа дочекот на странските граѓани во Србија за вакцинација и како изгледаат колоните на граница. Ова е срам за нас како држава што дозволи избезумено да си го бараме чарето и спасот за сопственото здравје и работа, бидејќи овие демек наши, демек за нас се грижеле, една вакцина не донесоа.
Битно еден небитен полициски час ставија и се е под контрола. Битно петти пакет мерки нема, едно големо ништо сте сите и власт и опозиција.
Си игравте досега со интелигенцијата на народот, ама со здравјето што си поигравте нема да ви простиме.
Фала уште еднаш на нашата братска земја која без разлика на причините ни ги отвори вратите. Чекајте си ги утре сабајле вие со телевизија со све и сликајте се. Неспособни!
Македонија вечна!