Разно

Како од централен регистер се брише фирма со 300.000 евра долг?

Како тоа раководството на Еуростандард банка дозволило да се избрише оваа фирма без да се регулира долгот повеќе од две години ниту пак банката да одвои 100 отсто парична резерва? Фирмата која добила кредит со обична меница, сега веќе е избришана. Наши пари дадени на вересија со цел да не се вратат.

Шупаците треба да завршат неславно, а лоповите во затвор, многу ли бараме?

Видено низ партиски наочари, сè е сомнително. Ние денес најавивме најјак прес на светот, а Трендо објавува интервју со Ентони Бордејн? Каков предавник! Али ок, и да го водев сајтот на “Храна и вино”, таа параноја пак ќе беше иста. Од чија ли е сега тој, зошто баш сега таков сајт? И идиоти ќе мислеа дека секој ден прво треба да им се изјаснам за дневните теми на кои се напалиле на Фејсбук, па дури потоа да пристапам кон рецептот.

Вака така, Берово си доби химна

Јако и љубовно, со гитарски рифови, иновативни рими и поетика која раѓа животни дилеми, но пред сè авторско и свое. А можеле само да ја преработат: „Ко да ми отме из моје душе... Берово“

Два победнички изборни спота

Не дека ние сите изборни спотови кои се во оптек сме ги изгледале, па сега правиме озбилна ранг листа, ама овие два ни влегоа во радар во фотофиниш и сакаме да ги видите. Едниот е несфатливо глуп, другиот е сфатливо невозможен.

Да си честитаме

Реално и треба да си честитаме. Ако имам долг кон ЕВН од 2004та што го влечам. Ако за празник се честам со две кришки леб и секако нашиот најдобар маргарин Кристал. Ако.

Каков опис добивме со ваков попис?

Овој попис не само што потфрла во својата основна цел да го преброи населението со цел ефикасно планирање на социо-економски политики, туку претставува и преседан поради кој во иднина ниту една влада нема да може да спроведе нормален попис.

Некои поинакви извидници

Среде скандалот со извидничкиот камп за малолетници „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол“ после кој некои шокирани деца побарале и помош од психолог, ние како стари (и горди) релативизатори да покажеме дека има и поинакви приказни.

Овие па, зелениве па...

Тоа дека ДУИ станаа зелени е веројатно најбурлескниот ребрендинг што го имаме видено во сите овие блесави години на политички маскаради и карневали, рамен на идејата Металика некој ден да се пријават на Гоце фест. И пошто се тазе зелени, прават зелени.

Најголемото друштво кое денес ќе го видите

Македонија можеби кубури со луѓе ама со свињи нема проблем. На планински пат (од Крушево за Алдинци) не е необично да видиш диви свињи, ама да се 2, 5, 10, 20... Ама овие, по нашиот интерен попис (со стопирање видео), ги меѓу 90 и 100! Да ни дојдат во Скопје има да нè изедат.

Море сокол пие, од Вардар до Индија

Сцена од „Бродот на Тезеј“, индиски филм од 2012 година кој на фестивалот во Торонто беше оценет како скриен филмски бисер на таа година. Море сокол пие, на домашна забава, во дует.

Бугарски маки со македонскиот

Бугарка од запад добива реплики кажани на македонски и треба да ги каже на бугарски, за пријателот да слушне дали тоа звучи исто или слично. Мислела дека ќе потрефи 100 проценти. Почекајте го хардкор примерот со бабата.

Каде грешам?

Имам докторирано на еден од најпрестижните универзитети во светот и имам работено во неколку интернационални организации вклучувајќи го и УНЕСКО. Имам работено како асистент на УКЛА. Денес се јавив да го откажам станот во кој живеам.

Најдете ги разликите

30-ката од независноста е тазе и веројатно видовте што и како беше. Три дена цел град укочен, дефиле како во Титови времиња, говоранција на Заев во живо, обраќање на Талат преку видео (не од хашкиот затвор), присуство на обичен човек само со претходно барање и одобрување, столпчиња, столчиња.... Се сеќавате ли како се славеше 20 години независност на Македонија?

Сфаќа ли таму некој колку е ова глупо?

Ја видовме најновата епизода од владината кампања против корупција. За да не бидеме како Заев со бомбите, прво да ви кажеме што ќе слушнете па дури потоа да ве пуштиме да го слушнете тоа (во понудениот „виолински клуч“) прво да го видите видеото.

Попис за кој допрва треба да позборуваме

Кога ќе се споредат бројките на починати лица во пет квартали од пред-пандемискиот период, со бројот на починати во ист број квартали во пандемијата, испаѓа дека од почетокот на короната, имаме речиси 10.000 мртви луѓе повеќе отколку обично. Ситуацијата е под контрола.

Глупи, ве имаше на Милионер!

Детал од последната епизода на хрватскиот „Кој сака да биде милионер“. Прашањето е чија државна химна се вика „Европа“. Коментарот на натпреварувачот бил: „Тие толку многу сакаа во ЕУ што е можно да е нивна“. Погодете чија?  

Кого тоа ние плаќаме во амбасадата во Белград?

Александра К. со генерации наназад е по потекло од Загоричани, Костурско, Егејска Македонија, онаму каде што илинденското востание било помасовно и од Крушево. Татко ѝ се борел во граѓанската војна во Грција, а по егзодусот со фамилијата живееле во Романија и Србија. Александра К. посакала да се распраша дали и како може да добие македонски пасош па се јавила во нашата амбасада во Белград. Пристапот на кој наишла и одговорите и советите кои ги добила се, како да кажеме, одвратни.

Не сите сакаат да заминат од овде

Искрена и инспиративна приказна на една млада девојка која, иако никој не ја принудува, сепак доаѓа на работа. Еднаш, двапати, па и трипати неделно понекогаш. И сето тоа за само 61.000 денари, без да реализира патни трошоци. Ежење.

За убовта и патината

Замисли да го чистев подрумот и да фрлев сѐ. Замисли да ја чистев душата и да го фрлев и ова. Исто е. Кога чистиме, се исфрла она што веќе не ни треба на патот, што ни пречи за следните чекори, а она што е скапоцено и потребно, го носиме со себе. Затоа се неуспешни сите 100 отстотни нешта: чистење, диета, реновирање, градење, па и поправка. И 100 памтење. Од него боли глава.

Да тркнеме до Словенија?

Само колку да видиме две фотографии од една нивна противпожарна станица. Селска противпожарна станица. И не е професионална. Ама затоа изгледа средено, пиц-пец. Уште некој мисли дека до името беше што не сме во ЕУ и дека баш сите домашни ги напишавме па онда дојдовме до таа точка кај што немаше каде, освен да се преименуваме ко најглупи некои?