Бог ја создаде Земјата и создаде народи разни, меѓу нив Македонците и Србите. И им кажа Бог на Србите: Вам ви даваме една специфична особина, нека биде тоа курчењето, а за да биде поинтересно, нека биде тоа курчење без никаква основа.
И им кажа Бог на Македонците: Вам ви даваме друга специфична особина, нека биде кроткоста, а за да биде поинтересно, еве ви и еден кубур, ако некој ептен претера.
И уште им кажа: Одете сега по Земјата и најдете си го местото под облаците. И така Македонците и Србите талкаа по Евроазија додека во седмиот век конечно не дојдоа на Балканот. Србите викнаа: Ни се чини дека овој простор е исклучително поволен за курчење. Другите браќа гласно го поддржаа. Главниот Србин кажа: Ајде да се населиме баш насред Балканот, за нашето курчење да дојде до израз.
Македонците следеа со: Па нас ни здосади да ровариме по светов, и уморни сме веќе, ќе ви сметаме ли многу ако се населиме малку појужно од вас?
Главниот на Србите им врати: Ма боли левото маде што ќе праите, прајте што сакате! Аууу, а многу ли те боли мадето? Ај, ќе бидеме одма до вас, ако треба да помогнеме некако, пријател не се остава на цедило кога има болка во левото маде!
И си живееја така со векови додека не дојдоа Османлиите. Кога дојдоа, рекоа: Вие сега прво вера ќе смените, па данок во крв ќе плаќате, жените ќе ви ги грабаме, храната високо ќе ви ја даночиме! Македонците одговорија: Аууу ефенди, да, да, но ајде, малце само да се потурчиме, малку само вера да смениме. А данок, данок во крв ќе платиме, сè како што е ред! И со леб и сол ги понудија, стискајќи го кубурот за некои идни, црни времиња. После пет века, изби буна, повеќето кубурот го стиснаа, за поцрни времиња го оставија, мал дел се побунија и ги сотреа.
Помина девет-десет години, изби војна, на Србите им беше скурчено од Османилиите. И Црногорците им се придружија, и Бугарите, па и Грците. Македонецот храбро го набута кубурот во пазуви, за поцрни времиња. Втората војна изби, кратко траеше, Македонецот кубурот во куфер го набута. Една војска ги грабна на една страна, другата војска на друга, Македонец на Македонец олово фрлаше, но никако со кубурот да нанишани кон другите. Војната заврши, Македонците ги оставија другите Македонија да ја расчеречат. Ја расчеречија. Македонецот си подголтна, кубурот го погледна, „ај, за поцрни времиња нек стои“ си рече.
„Ште бидете Блгари!“ во Пиринска им рекоа, наведнаа глава, премолчеа, мир нека биде само! „Све је ово српско! Сви на ИЌ“ во Вардарска им рекоа, па добро, само мир нека има, а „ски“, а „иќ“ не е голема разликата. „Ќе ви донесеме комшии од Турција, ќе им ги дадете куќите, стоката, земјата“ во Егејска им рекоа, ма нема проблем, нек се спасат луѓето, со Турците секако сме на ратна нога.
Дојде Првата светска војна. На Бугарите малце им било само Пиринска, и Вардарска ја сакале. Тепале, колеле, уништувале, кубурот стиснат в пазува, не е ништо ова страшно, администрација ко администрација. Пак Македонец на Македонец пука, само на другите арно нек им е, да не нè задеваат, до мир да дојдеме!
Дојде Втората светска војна. Бугарските рогови пак израснале, пак на Македонија тргнале, да ја администрираат, под нацистичко знаме, со фашистички мерки. Убивале, силувале, грабале и разнесувале. Кубурот подизлегол, пукнал, кренал малце глава Македонецот, ги избркал гнидите. Шуќур!
И така, влезе Македонецот во Титова Југославија, малце и Македонија раат да види, оставена на опашка, ако капне добро, ако не, пак добро, битно мир да има. Македонец од Македонец почна да граба, што земја, што пари, само да се грабне. Кубурта стисната в пазуви, за некои лоши времиња.
Дојде ден, го прашаа Македонецот, сакаш сам да тераш? ДА! Едногласно викна. И би! Ете, нит кубур требаше, ни крв да се пролее, Македонија држава да стане. Кубурот в река го фрлија, вода да го донесе, држава сме веќе!
Е ама, без кубур, без мачка во куќата, глувците и другите гадинки почнаа Македонија да ја јадат. И војна бидна, во Македонија кубур се немаше, Македонија се предаде. Штеточините се намножија, изедоа што можеше да се изеде, испија што можеше да се испие, продадоа што можеше да се продаде и гладни така, почнаа да прашуваат што да дадат за мевце да им се фрли.
„Името, името да ни го даете прво, после коска ќе ви фрлиме, коска у уста да ви се заглаи!“ грекнаа Грците клети. И би, се собраа бубашвабите, глувците, стаорците, свињите и говедата и рекоа „Да“, а прашаа дали може, им беше кажано „Не!“. Го изедоа месото, коската не им се затна в грло. Мал дел, пак вера сменија, северџгани се сторија, плукаа и гракаа, и пак гладни останаа. Македонецот, без кубур, кроток, премолча.
Штешточините прегладнети, пак прашаа, „Што да направиме, за мевце малце?“ „Дека ве нема, тоа да речете, дека сте мивки испрдени од Тито, тоа, дека ве нема, дека сте Блгари!“ грекнаа фашизоидните Бугарски мифки...и штеточиниве тргнаа, гладни за мевце.
А Македонецот? Македонецот кроток, молчи и чека. Кубур нема, но на стап не му текнува, нит камен да фрли, кроток, тивок, исчезнува.
Игор С.